Македонската „Гранд“ ѕвезда искрено за љубовта – за Кристијан од Гевгелија лудуваат многу девојки
Има време за љубов, вели харизматичниот Кристијан

Тој уште сега важи за еден од омилените кандидати ..
Шармантниот Кристијан Марковски од Гевгелија ги воодушеви сите со своите настапи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“..
Тоа посебно важи за неговиот последен настап кога со својата силна енергија и прекрасен глас предизвика овации кај публиката, но и позитивни и пофални коментари од страна на жирито.
Кристијан по завршувањето на снимањето за „Гранд“ откри дека е презадоволен од тоа како испаднало сé на сцената (повеќе за неговата изведба прочитајте тука), но воедно го пофали и настапот на својата колешка од дуелот, Ива Јокановиќ.
Принтскрин/ јутуб, Ѕвездите на Гранд
Тој тогаш откри и дека редовно оди на проби кај својот ментор Ѓорѓе Давид и дека сериозно вежбаат, но и детали за неговиот емотивен статус.
Принтскрин/ јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Не сум зафатен, но сега сум фокусиран сосема на натпреварот, вежбањето и доаѓањето на снимањата, така што за љубов има време“.
„Сé уште сме млади (насмевка)“, изјави Кристијан за Гранд.
Принтскрин/ јутуб, Ѕвездите на Гранд
И Цеца падна на неговиот шарм?
Потсетуваме, Кристијан по својот настап доби пофални зборови, а Цеца уште од првиот ден беше воодушевена од него.
Принтскрин/ јутуб, Ѕвездите на Гранд
Таа тогаш му порача дека има се што е потребно за да биде голема ѕвезда, а сличен став имаше и нејзината кума Вики Миљковиќ.
Од друга страна, неговиот ментор Ѓорѓе Давид тогаш му порача дека изгледа како некој италијански актер од 70-тите.
Принтскрин/ јутуб, Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше Кристијан на сцената, погледнете во продолжение…