Македонската Гранд ѕвезда го ремети Балканот – и најпознатата бугарска пејачка снимаше со него
Еве зошто сите зборуваат за ова згодно момче...

Младиот пејач од Македонија кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ прави растур на балканската музичка сцена, а за тоа сведочи и тоа што за него пишуваат и бројни медиуми од соседството.
Шармантниот Дарко Ѓорѓески и убавата Миа Смиљаниќ ги изненадија своите фанови со она што го направија деновиве.
Имено, Миа и Дарко се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“, каде беа дел од тимот на Цеца Ражнатовиќ, а по учеството во ова популарно шоу решија да ги здружат силите и снимија неколку заеднички песни.
Принтскрин/ Јутуб
Тие за брзо време станаа поприлично популарни, па така сега постојано заедно и настапуваат низ клубовите и сите ги бараат.
Но пред некое време имаа и свои соло проекти, па многумина помислија дека помеѓу нив „пукнала тиквата“, за да во изминативе неколку дена повторно ги изненадат сите со нови заеднички моменти.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, тие најпрво ја објавија новата песна „Не волим“ со која веднаш направија хаос на музичката сцена и ги воодушевија сите, за да потоа, за помалку од 48 часови, објават уште еден заеднички проекти.
Но овој пат покрај оваа двојка во новата песна се појавува и големата бугарска ѕвезда Анелија, чии песни многу музичари имаат обработено.
Принтскрин/ Јутуб
До соработката дошло така што тимот на оваа бугарска ѕвезда побарале од нив да ја обработат нивната песна „У магли“, која Миа и Дарко ја снимија пред две години и со која се искачија на балканското естрадно небо.
Принтскрин/ Јутуб
И на договор на двете страни, Анелија оваа песна ја сними токму со Маја и Дарко, но овој пат на бугарски јазик.
Принтскрин/ Јутуб
Песната и овој пат има одличен ритам, но и интересни сцени, така што за неполни 24 часа се најде високо и во бугарскиот трендинг.
По успешнуот проекти, тимот на Амелија дојде во Белград заедно да го прослават нивниот заеднички проект.
Принтскрин/ Инстаграм
Тие прославија во еден познат белградски клуб, а неколку фотографии од прославата погледнете во продолжение.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Миа и Дарко се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“, а откако се појавија на сцената многу се зборува и за нивниот емотивен однос, но тие досега никогаш воопшто не се огласувале на оваа тема.