Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда го расплака цел Балкан со емотивниот настап – во чест на Халид Бешлиќ

Во живо ја испеа една од најубавите песни на Халид Бешлиќ и ги расплака сите во студиото на „Гранд парада“

Advertisement

Нашиот пејач Александар Јосифовски беше гостин во најновата емисија „Гранд парада“ и ги воодушеви сте.

Имено, пејачот кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и кој по шоуто објави неколку песни кои поминаа одлично, овој пат во емисијата гледачите можеа да го видат во малку поинакво светло.

Advertisement

Тој им ја исполни желбата на убавата водителка Сања Чулибрк и водителот Тихомир Тепиќ, па запеа една народна песна.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд парада

Станува збор за големиот хит „Романија“ од Халид Бешлиќ со која Јосифовски ги расплака сите во студиото.

Advertisement

Како изгледаше овој настап на Јосифовски со кој ги разнежи гледачите од целиот регион, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, Јосифовски неодамна ги изненади сите со неговата најнова песна што ја посвети на неговата мајка.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд парада

Станува збор за песна насловена како „Стара мајка“, а во спотот се појавува неговата мајка, пејачката Елизабета Јосифовска.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд парада

Пејачот ја сними неколку недели по разводот од сопругата со која беше во брак осум години, а неодамна откри дека повторно е вљубен, што исто така беше изненадување за неговите обожаватели.

Повеќе за ова прочитајте тука

Бонус видео

Погледнете ја првата епизода од нашата нова емисија Кафе муабети и претплатете се на нашиот канал на јутуб.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button