Македонската Гранд ѕвезда го покажа момчето – пристигнуваат честитки, се топи во негова близина
Не сте ја виделе во вакво издание

Нашата Гранд ѕвезда повторно вљубена
Шармантната Славица Ангелова се најде во центарот на вниманието кога победи во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа пред две години триумфираше во популарното шоу, кога со својот глас ја освои публиката од регионот.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Славица која за неколку недели ќе го прослави својот 24 роденден, тогаш имаше 21 година, а нејзин ментор беше Ѓорѓе Давид.
Но и покрај големата слава што ја постигна со победата во едно од најгледаните музички шоуа во регионот, за приватниот живот на Славица се знаеше многу малку, како и за нејзиниот емотивен статус.

Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа многу ретко откриваа детали од својот етмотивен живот, ниту пак до скоро објавувала дали е во врска со некого или не.
Токму затоа и ги изненади сите кога деновиве покажа дека нејзиното срце е заробено, но и како изгледа нејзиното момче.
Имено, Славица пред неколку дена со заедничка фотографија му го честиташе именденот, со следниве зборови:

Инстаграм/ Славица Ангелова
„Вечно и благословено име, сакан мој“, напиша Славица, откривајќи дека е вљубена, но и како изгледа нејзиното момче.

Инстаграм/ Славица Ангелова
Потсетуваме, Славица по победата во „Ѕвездите на Гранд“ настапува како во Македонија, така и во соседството.
Но покрај својата музичка кариера таа е посветена и на својот факултет, кој воопшто не е лесен.

Инстаграм/ Славица Ангелова
Имено, таа студира медицина и еден ден ќе биде докторка, а меѓу сесии и испити, посветена е и на музичката кариера.
Како што самата откри во една пригода за Гламур, покрај секојдневните обврски поврзани со факултетот и учењето, таа е презадоволна и од тоа како се движат работите на музички план. „После победата веднаш имав многу концерти низ целиот Балкан заедно со мојот ментор Ѓорѓе Давид, како дел од неговиот бенд, заедно со Ивана Петерс и Александар Јосифовски. Веќе имаме договорено доста концерти и за ова лето“, ни откри тогаш шармантната струмичанка.
Целото интервју со Славица прочитајте го тука….




