КосаНаши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ги изненади сите – нема да ја препознаете во ова НЕОБИЧНО издание (фото)

Нашата позната Гранд ѕвезда во афро фазон

Advertisement

Пејачката го промени личниот опис…

Не може долго време да издржи, а да не промени нешто на себе, а овој пат тоа го направи со нејзината фризура.

Advertisement

Младата пејачка, Андријана Петрушовска, на која долгата црна коса ѝ беше заштитен знак, сега направи драстична промена.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, Петрушовска реши да направи еден мал експеримент и го посети својот фризер, па веднаш се пофали со резултатот.

Од нејзината објава може да видиме дека Петрушовска сега се претстави со долга афро фризура со која сите ги изненади.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Многумина се согласни дека овие мали локнички и стојат феноменално, иако оваа промена ја направи непрепознатлива, па имаше и такви кои во првиот момент не знаеја дека гледаат во нејзини фотографии.

Но кога под раскошната афро фризура ја забележаа препознатливата насмевка, следуваа бројни коментари и комплименти.

Како младата ѕвезда изгледа сега, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Потсетуваме, Андријана Петрушовска се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото трето место.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Таа се натпреваруваше истата година со Мики Секуловски, а победата тогаш ја однесе Шејла Зониќ со која Андријана е мошне блиска.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Нашата пејачка важеше и за една од најубавите пејачки што некогаш застанале на грандиозната сцена, а македонските гледачи посебно ги воодушеви кога на еден од нејзините настапи се појави во црвен фустан преку кој имаше наметка со Сонцето од Кутлеш.

Како изгледаше Андријана и во ова издание, потсетете во продолжение…

 

@andrijanapetrushovska

Бура од емоции! Уживајте во мојата изведба на “Јовано Јованке”!❤️🇲🇰 Оваа изведба е одраз на мојата љубов кон традицијата, Македонската песна, народот и мојата Татковина Македонија! Благодарам на сите кои ја препознаа мојата желба да говорам преку музиката, да ширам љубов и ги развеселувам и разнежнувам вашите срца! 💛 Добив безброј пораки и бескрајно сум благодарна за поддршката која ми ја давате и мотивацијата да продолжам и создавам музика која не обединува сите! 🤗 #macedonia #zvezdegranda #foryoupage #balkan #macedonia🇲🇰 #fyp

♬ original sound – Andrijana Petrushovska

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button