Македонската естрада во солзи. Пријателите и колегите се збогуваат од Бади – погребот ќе биде утре
Почина познатата пејачка

Тажна вест ја потресе нашата музичка сцена
Тажна вест денес се прошири на социјалните мрежи – почина познатата македонска фолк-пејачка Бади Бекир.
Нејзините пријатели, познаници и колеги се збогуваат со неа од социјалните, оставајќи ги своите тажни и емотивни пораки на социјалните мрежи со фотографии од нивни заеднички моменти.

Фото: Pixabay
„Патувај драга Бади кон царството небесно и нека ти е светол патот до таму. Ти беше најдруштвената колешка со највпечатливата насмевка. Покрај тебе човек не можеше да остане рамнодушен затоа што ти секогаш им искраднуваше насмевка на луѓето кои те опкружуваа-твоите колеги и пријатели. Чест ми е што и јас бев привилегирана да бидам една од нив. Ќе фалиш многу“, напиша Силвана Матовска – Крстовска.
„Сеуште не можам да поверувам , нека ти е светол патот до вечноста Бади Nebahat Badi Bekir пред се беше човек со харизма и моја колешка“, напиша Нина Николовска.

Фејсбук/ Бади Бекир
Набргу следуваа и бројни тажни коментари:
„Бади наша прекрасна, многу ми е жал, ти беше прекрасна личности и заслужуваш да си во Царството Небесно за вечен живот“, „Нека почива во мир, пеачка која ќе ја памтиме секогаш по убавата песна“, „Се уште сум во неверување, се видовме сеа бргу“…

Фото: Фејсбук
Малкумина знаат дека вистинското име на Бади е Небахат, а своевремено беше дел од познатата македонска фолк група „Четири грации“ со своите колешки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Благица Павловска.
Бади своите први чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорната група изучувајќи го истовремено и македонскиот и турскиот фолклор.

Принтскрин/ Јутуб
На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пееше на турски, албански и македонски јазик.
Живееше во Скопје, а нејзиниот погреб ќе биде утре, петок, во 12. часот, на гробиштата во Бутел, објави Горан Алачки.



