Реклама
Портрети

Селфи фотографија од македонската Џесика Ребит

Реклама

Шармантната Марта Димоска која на социјалнте мрежи можете да ја сретнете и под името Марта Девилиш повторно пријатно не изненади со една мошне интересна фотографија.

Овој пат станува збор за селфи фотографија на која што Марта е oблечена како Џесика Ребит, цртаниот лик од анимираниот римејк на делото „Кој му го смести на зајакот Роџер“. Џесика во филмот му задава предизвикувачки грижи на главниот лик и претставува девојка со сомнителен морал, додека нашата Марта е студентка на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје и студира Инженерство на материјали и нанотехнологија, каде е стипендист со врвен просек.

Маркетинг

Марта е една од оние девојки кои им се се восхитуваат на пинап девојките и нивните облини, на гламурот на холивудските диви од минатиот век, но и девојка која го сака косплејот и која го практикува.

Маркетинг

Инаку, за оние што не знаат што е косплеј cosplay (costume play) станува збор за игра со костуми во која луѓето се облекуваат како лик од некоја книга, филм, аниме, манга или стрип. Косплејот потекнува од Јапонија од доцните 70-ти, кога една мала група љубители на аниме почнала да ги носи костимите на своите омилени ликови. Инаку денес ова движење е мошне популарно во целиот свет, а во регинот најпознат таков собир е Белградскиот јапанизам, во организација на Сакурабана.

oтвори галерија »

Наскоро очекувајте и едиторијал од Марта во костумот на Џесика Ребит, девојката што го поседува најголемиот зајак во светот…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button