Македонската Брижит Бардо и на 52 г. гори – исплива провокативно видео снимено во нејзиниот дом
Она што сите го забележаа беше провокативниот стајлинг, но и тоа дека изгледа топ за свои години

Поранешната водителка и позната скопска трендсетерка ги изненади сите со својата последна објава на Инстаграм.
Станува збор за Мелита Ракичевиќ која со својот танц пред камерите многу свои фанови остави без здив, за што зборуваат и бројните коментари и комплименти што ги доби под својата објава.
Имено, Мелита се снимаше додека танцува во својот дом, облечена во црн тесен фустан и со црно сако преку него.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
И бидејќи тесната креација што Мели овој пат ја носеше беше со ултра кусо здолниште, во фокусот беа згодните нозе на оваа дама која и во шестата деценија од животот може да се пофали со беспрекорно тело.
Маркетинг
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Многумина беа воодушевени од нејзината совршена линија, но и од објавата, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Инаку, Мелита и пред само неколку дена објави снимка со која го „запали“ интернетот, а на која носеше минијатурно фустанче, но и позираше во максимално провокативни пози.
Како таа изгледаше и тога, проверете тука…