Македонска пејачка од Бугарија ги воодушеви гостите – Бугарите ја осудуваат, нашите ја обожаваат (видео)
Василија се појави на сцената и направи лом Василија им направи попис на битолчани

Младата музичка ѕвезда Василија Петрова деновиве имаше настап во Битола, задно со Сања Здјелар & Група Маестрал.
Младата Василија има 21 години и ни доаѓа од соседна Бугарија, а се прослави во македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ каде со својот талент никого не остави рамнодушен.
Овие настапи и ги отворија вратите на македонската сцена, а дел од медиумите во Бугарија ја обвинија за предавство – затоа што се претставува како Македонка и што во своето име на социјалните мрежи ја додала и буквата „ј“, па така наместо Василиа, пејачката сега на Фејсбук е Василија (колку и да звучи ова забегано, во Бугарија на некои им се крева косата од овој потег на пејачката).
Фејсбук/ Василија Петрова
Како и да е, Василија по потекло е од Бугарија, но тоа што е Македонка од оваа земја очигледно е и нејзиниот најголем грев.
И додека во нејзината родна земја фрлаат со дрва и камења по неа и ја обвинуваат за предавство, оваа млада дама во нашата земја полека ја освојува сцената, а во последно време на настапите често ја гледаме и со младата виолинистка Сања Здјелар.
Фејсбук/ Василија Петрова
Тие овој пат со својот настап во Битола покажаа колку се сакани и популарни, а публиката уживаше во убавиот глас на Василија.
Фејсбук/ Василија Петрова
Таа со македонски песни им приреди одлична забава на гостите, за што зборуваат и снимите што испливаа на социјалните мрежи.
Една од нив погледнете во продолжение…