Македонска Гранд ѕвезда што ги воодушеви Балканците – храброста на пејачот никого не остави рамнодушен
Македонска Гранд ѕвезда снимаше со мечки – неговиот спот ги воодушеви целиот Балкан

Ова видео предизвика големо внимание во регионот
Македонската Гранд ѕвезда Даниел Тренчовски неодамна го објави спотот за својата нова песна „Бела застава“ со која ги воодушеви сите.
Она што посебно привлече внимание е што пејачот во спотот снима со мечка со која и тој самиот имаше блиска средба.
И како што истакна Даниел за „Гранд“, тој за време на снимањето не почувствувал страв, туку им се восхитувал на мечките.
Инстаграм/ Даниел Тренчовски
Посебно на мечката Маша која во еден момент дури и се гушкала со него, а снимањето поминало без никаков проблем.
И како што откри самиот пејач деновиве, на планината Озрен во Босна и Херцеговина каде го снимале спотот покрај Маша која на луѓето им приоѓа само кога се чувствува сигурно, постои и мечката Љубица која е друштвена и сака да си игра со луѓето.
Инстаграм/ Даниел Тренчовски
Тренчовски за Гранд вели дека му дале посебно упатства како да се однесува и дека највано било да не прави нагли движења.
Инстаграм/ Даниел Тренчовски
Но кога пристигнале на планината, мечките не сакале да излезат, па тие мислеле дека нема ништо од снимањето. Сепак, Маша и Љубица во еден момент се појавиле, а најинтересно било кога и двете го заобиколиле снимателот и некое време не сакале да се поместат од местото.
Инстаграм/ Даниел Тренчовски
Потсетуваме, во спотот покрај Даниел и мечките се појавува и моделот Христина Сумеуновиќ која ја глуми девојката на пејачот.
Инстаграм/ Даниел Тренчовски
Истиот веднаш предизвика воодушевување кај фановите на Даниел и песната веќе има преку 600.000 прегледи на Јутуб.
Инстаграм/ Даниел Тренчовски
Даниел инаку живее во Франција, а се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде се престави пред публиката од регионот.
Тој по завршувањето на шоуто објави неколку песни и сними спотови кои исто така ги воодушевија неговите фанови.
Новиот спот на Даниел погледнете го во продолжение…