Наши ѕвезди

На поранешна „Гранд“ ѕвезда од Македонија потребен му е вашиот глас – не, ове нема врска со изборите!

Овој пат жирито имаше навистина многу тешка задача и одвај донесе одлука кој од шесте сјајни кандидати да помине директно во следниот круг..

Advertisement

Но Игор, за жал, не беше еден од нив…

Игор Васиљков од Куманово, по цели 10 години, повторно застана на сцената во Гранд, но овој пат во шоуто за ветерани.

Advertisement

Имено, Васиљков порано се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и помина неколку кругови, а сега реши да си ја проба среќата во шоуто кое е мошне популарно и кај нас, „Никогаш не е доцна“.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Интересно е и тоа што во жирито овој пат седеше и Сања Кужет, која долго време ги водеше „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Токму таа ја водеше и сезоната кога Васиљков се натпреваруваше, па таа се сети на него и го пофали што разбудил убави спомени кај неа.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Се сеќавам на вас од ‘Ѕвездите на Гранд’, ме вративте во некое убаво минато. Се уште малку имате проблем со самодоверба, но нема причина, само напред“, му порача убавата водителка пред камерите.

Но и покрај позитивните критики од жирито, Игор не успеа директно да се пласира во следниот круг.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Имено, Игор заедно со Кемал Челиќ заврши на „Фејсбук гласање“ кое ќе трае до вторник на полноќ, така што се уште постојат шанси, посебно доколку пејачот ја добие вашата поддршка со гласање тука.

Приватна архива

По 10 години повторно во „Гранд“

Потсетуваме, Игор Васиљков е роден 1974 година во Куманово, а со пеење се занимава веќе цели три децении.

Тој денес живее во Германија, а гордо истакнува дека е оженет и дека има две деца, синот Дарко кој има 23 години и ќерката Мила која има 18 години. И двајцата го имаат наследено талентот за музика – синот свири клавијатура, додека неговата ќерка пее одлично.

Време е за гласање, нели?

Игор претходно два пати се има натпреварувано во „Ѕвездите на Гранд“, еднаш во 2014/2015 и втор пат 2017/2018.

Десетина години подоцна, Игор реши повторно да си ја проба среќата, овој пат во „Никогаш не е доцна“, па доколку сакате да го поддржите, направете го тоа ТУКА и сега, бидејќи гласањето трае до вторник на полноќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button