Ако ве интересира мода, овие две Македонки НЕ смеете да ги пропуштите

Деновиве времето е како создадено за инспирација, а тоа можеме да го забележиме и од девојките кои редовно објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежу. Овој пат поразговаравме со модните блогерки Моника и Јована кои стојат зад името BleachedBlck.

Барајќи инспирација што да облечете многу лесно може да ви се случи да потонете во морето со голем број модни блогерки. Многу од нив изгледаат речиси исто и не се интересни, па така вие и понатаму не знаете што да облечете. Токму затоа денес ќе ви претставиме две малди девојки од Македонија кои мора да ги следите во 2018. Во прашање се Моника и Јована чии преубави фотографии и видеа на социјалните мрежи ќе ги сретнете под името BleachedBlck, а овој пат се најдоа во нашиот едиторијал во улога на модели.

ADVERTISEMENT

Што за вас претставува зборот модна блогерка?

Модна блогерка е личност која води девник на своите комбинации, преку кои го пренесува својот карактер.

Каде најчесто купувате облека и кои се вашите омилени брендови?

Облека купуваме буквално од секаде. Од огромни молови до локални продавници и second hand-ови, во државава и надвор.

Јована: маица – Topman, панталони- Bershka, Fannypack- Second hand, чорапи-Fila, Патрики – Nike Моника: дуксер- Adidas, панталони- Pimkie, чоапи- Fila, кондури – Dr. Martens

Не сме ограничени на купување стрикно од одредени места. Секое место што нуди олд скул и streetwear алишта. Од брендови најдраги ни се Fila Kappa Adidas и Nike но ѓи поддржуваме и нашите локални брендови.

Дали ги следите трендовите и кој е вашиот омилен тренд за оваа сезона?

Секојдневно се среќаваме со нови и нови модни трендови кои се насекаде околу нас. Црпиме инспирација од оние кои ни се допаѓаат и им додаваме наш personal touch. Во моментов едни од омилените ни се dad shoes и fannypacks (Јована) и прави панталони со раб (Моника).

Која е вашата омилена комбинација?

Јована: trackpants, маичка/кроп топ, патики
Mоника: панталони со висок струк, широк дуксер, патики/мартинки

Нешто што нема никогаш да го облечете?

Балетанки !!!

Кои се вашите омилени козметики производи?

Јована: Wet ‘n’ wild liquid catsuit кармините, Wet ‘n’ wild megaglo highlighter и NYX ultimate color палета

Моника: Mac retro matte кармин во Ruby woo, Catrice browdefiner, Inglot single eyeshadows

Омилен парфем?

Јована: Moschino-Fresh

Моника:Versace-Dylan blye

Како пронаоѓате инспирација за фотографирање?

Најголемиот дел од инспирацијата ја добиваме од нашите омилени блогери и профили на Инстаграм, но знае да не инспирира и убава и симетрична архитектура.

Кои апликации ги користите за вашите фотографии?

Поголемиот дел од фотографиите ги едитираме на Lightroom но користиме и мобилни апликации како VSCO и Snapseed.

Омилен филм или книга што би ја препорачале на нашите читатели?

Јована: Омилен филм Trainspotting а книга Porno од Irvine Welsh

Моника: Најчесто немам омилени работи но моментално би ги издвоила The Neon Demon за филм, a книга Мојот маж од Румена Бужаровска.

Најубавото место во градот?

Е и ќе остане ГТЦ.

Што правите во слободното време, каде можеме да ве најдеме?

Во слободно време се снимаме, фотографираме и планираме видеа, а за тоа каде можете да не најдете е најчесто на некоја чудна и запуштена локација од која се инспирираме.

Фото: Ерина Богоева, Гламур
Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed