Интервју

Македонки како антички божици – блеснаа во новата колекција на Фран

За Макеоднките сè уште е престиж да носат бренд ,,од надвор“, и поголемиот дел пре би дале 400-500 еу да изнајмат фустан, него 400-500 еу за фустан сошиен од македонски дизајнер специјанлно за нив, вели Ангеловска

Реклама
Реклама

Од профилите на пејачката Сара Мејс и модната дизајнерка, стилистка и шминкерка Фросина Фран протекоа фотографии кои ретко кого ќе остават рамнодушен. Подзинаа мажите, а богами и жените ги оставија без здив. Гламурозни креации со металик тонови ја сочинуваат најновата модна колекција на познатата македонска дизајнерка Фросина Ангеловска – Фран, насловена „INGOT FLOW“.

Се забележува раскошот на жената од минатото претпоен во моќната и сигурна жена на сегашноста.  Крециите совршено го истакнуваат сексапилот на секоја жена што би се протнала во некои од овие извонредни модни дела, дизјанрката вешто ги осмислила моделите за да ги истакне облините и убавините кај една вистинска дама.

Маркетинг

Нејзиниото студио неодамна прослави и убав јубилеј од 10 години постоење, одмна не сме ја виделе во улога на дизјанерка,.. па така се собраа многу причини и поводи за да ја поканиме за интервју.

Маркетинг

Најпрво ви честитаме за јубилејот и истрајноста. Се сеќавате ли на почетоците, какви беа, што размислувавте тогаш и дали претпоставувате дека ќе се развивате вака?

На почетоците се сеќавам како да беше вчера :)

Идејата за ФРАН беше да биде модно студио,  простор во кој ќе се креираат моите модни замисли (бидејќи тоа е мојата примарна професија) , но испланирав и едно ќоше за шминка (мојата долгогодишна страст) мислејќи дека ете, ќе биде како дополна на приказната. Испадна шминката да го завземе приматот, а на сметка на тоа дизајнот малку падна во сенка, па така многумина не ни знаат дека впрочем јас сум дипломиран моден дизајнер, ме знаат како шминкерката ;)

Со новата колекција на социјалните мрежи направивте бран од сексапил, женственост, гламур. Раскажете ни како се создаваше оваа колекција? Каква порака сакате да ни испратите со овие парчиња?

За овие 10 години постоење никогаш не сум посветила време да создадам нешто што не е нарачка за клиент или наменски (за настан или слично) па почувствував дека е вистинското време.

Најдов матерјали кои ми се допаѓаа и решив тие да го завземат главното место во оваа колекција. Битно ми беше да се модели кои се женствени,носиви ,елегантни и гламурозни…

Дали ќе има модна ревија?

Модна ревија не ми е во план бидејќи во моментов работиме на реновирање на салонот. Па од март, кога ќе завршиме, моделите ќе бидат изложени во нова атмосфера каде клиентите ќе може да ги пробаат .

На фотографиите сте со Сара Мејс, зошто токму Сара?

Со Сара сме пријателки и соработнички од „day 1“, што значи дека немаше многу размислување кој ќе биде. А згора на тоа е преубава, презгодна и прехаризматична …

 

Од оваа перспектива гледано што за овие десет години „Фран“ направи најдобро, а каде погреши?

Кој работи тој и греши. Но битно е дека работи. Чим сме тука веќе 10тaта година значи сме успеале да останеме истрајни, доследни и посветени токму на тоа,работата. Значи тоа најдобро сме го направиле.
А грешките, кои не би ги потенцирала, ги препишувам на неискусноста и од оваа гледна точка се научени лекции.

Дали жените во Македонија со текот на времето почнаа да ја ценат и вреднуваат македонската мода?

Па не … сè уште е престиж да носат бренд ,,од надвор“ и поголемиот дел пре би дале 400-500 еу да изнајмат фустан од странски дизајнер, што ќе го носат еден ден и ќе го вратат, него 400-500 еу за фустан сошиен од македонски дизајнер специјанлно за нив, што ќе им остане ….🤷🏻‍♀️

Кои личности би ги издвоиле како најдобро облечени јавни личности?

Кај нас најдобро облечени јавни личности се инфлуенсерките -блогерки , чијашто примарна дејност им е токму тоа, да смислуваат стилски комбинации и добро да ги фотографираат, па се секогаш тип топ средени за било која прилика. Од нив би ги издвоила Александра Шијаковска, Елена zivot so stil , Maryse Jolene.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button