Македонката настапи со песни од Тоше Проески и пејачката што почина од рак – само Цеца и даде поддршка
Настапи со песни од Тоше Проески и Дона Арес...

Има милионски прегледи на ТикТок, а во „Ѕвездите на Гранд“ ја споредија со Марија Шерифовиќ….
Започна новата сезона од „Ѕвездите на Гранд“, а во првата емисија публиката имаше прилика да запознае 19 нови пејачи.
Една од нив беше и Викторија Ефтимова од Скопје која настапи со песни од Дона Арес и легендарниот Тоше Проески.
Инстаграм
По нејзиниот настап, водителот Воја Недељковиќ ја праша младата девојка со што се занимава, на што таа одговори:
„Само со пеење Средно музичко училиште и сега Академија. Се занимавав и со спорт, тренирав фудбал на позиција лево крило“, изјави Викторија и ги изненади сите со својот одговор.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но Викторија од жирито доби само три „да“ и четири „не“, а Цеца по настапот и порача да даде сé од себе во баражот.
Инстаграм
И Дара Бубамара не криеше дека е изненадена, посебно од нејзиниот стајлинг и дека ја потсетува на Марија Шерифовиќ.
Но Викторија доби и еден „паник“, и тоа од рокерот Ѓорѓе Давид, кој и покрај неговата голема љубов кон кандидатите од Македонија, овој пат за 20-годишната Вики изјави дека не го препознал „Икс факторот“ во неа, па неговиот коментар беше крајно негативен.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Се сеќавам на тебе и од аудиција. Имаш многу проблеми во својот пејачки израз и ова според мене не е добро. Дали е трема или сето ова го сфати премногу несериозно, на мене и во двете песни ми звучеше еднолично. Како да си удавена“, беше брутално искрен Ѓорѓе.
Инстаграм
Инаку, Викторија е родена во Скопје и има 20 години, а покрај музиката многу го сака и фудбалот.
Таа во Македонија стана позната со нејзините објави на ТикТок, но овој пат во „Ѕвездите на Гранд“ очигледно немаше среќа.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Разочарани се и нејзините фанови, за што сведочат и нивните објави и критики на Инстаграм, а некои од нив сподели и Вики.
„Епа срц, немаш ништо вештачко на тебе, не може таа. Ти е гајле, они губат“, пишува во еден од бројните коментари, а по натпреварот се огласи и Вики со своето интересно модно издание.
Инстаграм
„Едно големо искуство, кое нема да го заборавам“ сподели оваа прекрасна млада дама по настапот во шоуто.
Како сето тоа изгледше, погледнете во продолжение…
Погледнете ги и нејзините најпознати видеа на ТикТок:
@viki_eftimova1 Rodila se mala#fyp #balkan #trendingvideo #fyp
@viki_eftimova1 Samo za nashu @🎤 Milica🎤 ❤️#fyp #balkan #balkanfyp #balkan #balkanfyp