Реклама
Наши ѕвезди

Македонката Добрила и на свои 97 години главна тема во регионот – за неа рајот е на ова место (фото)

Не се плаши од смртта, но не ја ни бара...

Реклама

И не сака ресторани, но затоа оди во казино?!

Добрила Чабриќ Ивановска важи за најстарата победничка во популарното о за ветерани Никогаш не е доцна.

Таа сега има 98 години, но се уште патува сама со својот автомобил дури и до Белград, а редовно оди и в казино.

Маркетинг

И како што самата изјави во една пригода за „Гранд“, таа преку лето сака да се релаксира со пливање во Дојранското Езеро, а речиси секоја вечер излегува со пријателите и со нив се дружи во казино.

Маркетинг
Принтскрин/ Гранд

Таа за Дојран вели дека е бисер од езеро и дека многу го сака ова поднебје – има волшебна моќ за неа и единствен воздух.

Принтскрин/ Гранд

„Ресторани како ресторани мене не ме интересираат, јадење не ме интересира бидејќи јас сама си готвам. Второ, во казиното тоа е возбуда, таа терапија. Малку сме, малку шеги, расправии.. нема што нема! Инаку и пеев во казиното преку викендите, но добро, се е тоа живот“, изјави во една пригода Добрила откривајќи дека 6 години работела како менаџер во казино.

Инаку, Добрила во една пригода зборуваше и за смртта, па изјави дека воопшто не размислува на тоа, туку секој ден го живее како последен.

Принтскрин/ Гранд

Добрила со своите пријателки во Дојран

„Не се плашам од смртта, но и не ја барам, на мене таа не ми треба (се смее). Таа доаѓа ненадејно, полесна е од сите болести, но јас за неа не размислувам, туку само на убавиот живот“, вели таа.

Принтскрин/ Јутуб

Од друга страна Добрила неодамна раскажа и што мисли за мажите и дали тие и денес и се додворуваат, а што изјави тогаш најстарата победничка во „Никогаш не е доцна“, дознајте тука.

Бонус видео

Добрила во младоста

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button