Македонка направи скандал во „Ѕвездите на Гранд“ – се шокираше од жирито, ова не го очекуваше
Беше нервозна откако испадна од натпреварот, вели дека никогаш повторно не би се пријавила ...

Пејачката беше упорна до самиот крај
Пејачката Емилија Цветковска (34) од Македонија направи скандал во „Ѕвездите на Гранд“ откако доби шест „паник-тастери“.
Кога настапуваше Емилија дури и не успеа да ја заврши својата втора песна, а незадоволството на жирито беше едногласно.
Мили нејзиниот настап го нарече „пекол“, а поприлично негативни беа и сите останати претставници на жирито.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но за среќа, коментирањето на жирито го прекина Саша Поповиќ, кој токму во тој момент му се јави на Воја Недељковиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По неуспешниот настап, Емилија потполно разочарана одговори и на неколку прашања на новинарите, но остана доследна на својот стил до крај, па и поприлично иронична во своите импресии.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа призна дека е во шок и дека не го очекувала ова, посебно што има завршено музичко училиште и досега има соработувано со многу познати музичари. Како што самата вели таа во Македонија има издадено и албум, но и бројни настапи и концерти, па ова за неа било брутално и тотално поразително.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Емилија изјави и дека никогаш повторно не би се пријавила во ова шоу, но и дека е сигурна дека и многу други пејачи би го направиле тоа.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Можеби очекуваа Маја Оџаклиевска, но јас имам потполно поинаков стил на пеење, и она што го испеав не им се допадна“, заклучи таа.
Потсетуваме, Емилија не е единствената од Македонија што доби голем број „паник-тастери“ во шоуто оваа година.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Претходно истото и се случи и на младата Тамара Јакимовска која за „Ѕвездите на Гранд“ допатува специјално од Дортмунд.
Но тоа што пропатува илјадници километри не и помогна во остварување на желбата, па откако доби четири паник-тастери Тамара одвај издржа да не заплаче пред да ја напушти сцената.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Што се однесува до коментарите на жирито, поголемиот дел од нив и не сакаше да го коментира настапот на Тамара, а Марија Шерифовиќ и порача дека треба доста да вежба и тоа на сите аспекти, доколку сака сериозно да се занимава со пеење, а со нејзиното мислење се сложи и нејзината колешка Вики Миљковиќ.
Како изгледаше настапот и на оваа девојка, но и на Македонката која ја отвори оваа сезона, потсетете се тука…