Македонка го отворила пакетот од Тему, па веднаш се запрепастила – вакво нешто не очекувала (фото)
Останала без зборови кога пристигнал пакетот

Кристина одвај чекаше да и пристигне пакетот од Тему, но откако и беше доставен непријатно се изненади.
Откако почнаа да пристигнуваат пакетите од Тему и во Македонија, речиси да нема некој што досега нема нешто порачано.
Оваа грозница ја зафати цела Македонија, а популарната кинеска апликација од ден на ден станува сé попопуларна.
Фото: Тему
Но на социјалните мрежи може да прочитате најразлични искуства, а постојат и неколку Фејсбук страници наменети токму за размена на искуства, но и на проблемите со кои се соочуваат потрошувачите како во светот, така и во Македонија.
И додека едни се презадоволни и воодушевени од своите нарачани производи, има и такви кои Тему ги има разочарано.
Принтскрин/ Фејсбук
Една од нив е и Кристина која се пожали за своето непријатно доживување на една македонска Фејсбук страница на која оние што порачуваат од Македонија ги разменуваат своите искуства, но и бараат совети.
Имено, таа нарачала женска чанта, но кога пакетот пристигнал и кога го отворила веднаш се разочарала.
Принтскрин/ Фејсбук
Таа се пожали дека помислила дека е ранец, но чантичката е толку мала што одвај може да собере мобилен.
Како што може да се види од нејзината објава што ја сподели на „Тему Македонија искуства и препораки“, таа за оваа чанта платила 304 денари.
Но очигледно не ги видела димензиите, па многумина ѝ порачаа во иднина да ги погледне димензиите на производите, но и да ги прочита задолжително рецензиите од другите купувачи на Тему.
Некои од овие пораки ѕирнете во продолжение…