Наши ѕвезди

Македонка ги растажи сите со својата тажна приказна – заплака на сцената, емоциите беа пресилни

Како млада останала вдовица со две деца

Advertisement

Многу млада остана вдовица, па и денес знае да запее во солзи

Оваа жена ги освои сите со својата харизма и енергија

Advertisement

Светлана Николиќ Цеца од Куманово кога се појави на сцената во „Никогаш не е доцна“ одвај го задржа своите солзи.

Таа по настапот откри и зошто беше толку емотивна, а нејзината животна приказна исто така никого не остави рамнодушен.

Имено, Цеца останала вдовица кога имала само 26 години, со две деца, па сега искрено зборуваше за овој период од животот.

Некако научив така да живеам. Јас знам и додека пеам да ми појдат солзи, тоа се емоции и тие одат со мене. Само научив да правам самоконтрола. Сега сум на работа и нема плачење. Не знам како тоа да го опишам“, откри Цеца по настапот во разговор со новинарите од „Гранд.онлајн“.

Таа потоа откри и зошто и се насолзиле очите кога прв пат се појавила на сцената во ова популарно музичко шоу.

И како што самата изјави по нејзиниот настап, сето тоа било од преголема возбуда, но и од целата атмосфера.

„И затоа што го доживеав ова. Среќна сум заради себе, што за прв пат работам нешто за себе“, заклучи таа уште еднаш воздржувајќи се да не заплаче пред камерите, објави споменатиот портал.

Потсетуваме, Светлана Николиќ Цеца живее во Куманово, а во емисијата на Гранд телевизија откри колку и било тешко во животот да се избори како самохрана мајка на две мали деца.

И токму заради обврските околу децата, таа досега и не се пријавила во емисијата и малку ја запоставила кариерата.

Животниот сон на Цеца

Како што самата откри во емисијата, таа е посветена мајка која заради децата и семејството ја има запоставено својата музичка кариера, па сега, на свои 47 години, реши да го оствари својот животен сон.

Останала вдовица кога имала само 26 години, со две деца. Но била решена да ги изведе на вистинскиот пат, па кога нејзините деца пораснале, таа повторно и се врати посериозно на својата кариера.

На 28 години се омажила по втор пат, за тапанар, и со години настапувале заедно во оркестарот „Слатка Тајна“. Но потоа следува развод, од нејзиниот втор сопруг, а таа продолжува да пее на разни забави, а една од нејзините најголеми неостварени желба беше да се појави на телевизија, што сега и се оствари.

Како изгледаше нејзиниот настап, потсетете се тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button