Наши ѕвезди

Македонка дојде од Германија специјално за шоуто, но ќе заплачеше од она што и се случи по настапот

Ова беше поразително за неа

Advertisement

Македонката Тамара Јакимовска има 18 години и живее во Дортмунд, но тоа не ја спречи да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа помина илјадници километри за да биде дел од шоуто и да застане на големата сцена пред добро познатото жири.

Advertisement

Но за жал нејзината желба да ги освои срцата на претставниците на жирито не се оствари, па таа доби четири паник-тастери.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, на Тамара ова не и беше прв пат да се појави во ваков вид на шоу, а водителката Ана Севиќ прва се сети на тоа.

Advertisement

Имено, таа ја препозна Тамара од шоуто „Некои нови клинци“, натпревар кој исто така го има водено во тоа време.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Што се однесува до коментарите на жирито, поголемиот дел од нив и не сакаше да го коментира настапот на Тамара, а Марија Шерифовиќ и порача дека треба доста да вежба и тоа на сите аспекти, доколку сака сериозно да се занимава со пеење, а со нејзиното мислење се сложи и нејзината колешка Вики Миљковиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Марија Шерифовиќ претходно беше жестока и кон уште еден млад учесник од Македонија во шоуто.

Станува збор за оперскиот пејач Никола Зацески од Битола кој исто така не успеа да ја воодушеви познатата пејачка со својот настап, па таа му порача дека од него очекувала многу повеќе и дека доколку така продолжи и во следниот круг може слободно да си ја фрли дипломата во канта, и со коментарот ги „изненади“ сите.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button