Реклама
Стил

Македонија во очите на странците во 2024 – Со што сме ги освоиле и воодушевиле, а што ни недостига

Добрата вест е што неколку реномирани странски портали и агенции ја препорачуваат Македонија како атрактивна туристичка дестинација или место за гастрономски искуства за 2025 година.

Реклама

Веќе сме на самиот крај од 2024, а декември е обично месец на заклучоци и осврнувања на настаните кои се случиле во годината.

Декември е и месец на избирања на личности на годината, но и на сумирање на гастрономските и воопшто туристички искуства преку рејтинзи.

Добрата вест е што неколку реномирани платформи и портали ја препорачуваат Македонија како атрактивна туристичка дестинација или место за гастрономски искуства за 2025 година, а препораките се базирани на илјадници патници и дегустатори ширум светот.

Маркетинг
принтскрин, Тејст атлас

Тејст Атлас (Taste Atlas) ја рангираше Македонија на 47-то место меѓу издвоените 100 кујни низ целиот свет. Македонија е високо на оваа престижналиста за автентична и традиционална храна, а се нагласуваат специјалитетите зелник, макало, сарма, ајвар, охридската пастрмка, тавче-гравче, пастрмајлија, таратор, пинџур, мазник, чомлек, селско месо, ѓомлезе, качамак, полнети пиперки, ширден, слатко од диви смокви. Дополнително, македонското вино добива глобално признание за својот квалитет.

ширден, Фејсбук

Матадор Нетворк (Matador Network) ја препорачува Македонија како дел од својот водич за Балканот, со акцент на уникатните природни искуства, како нуркање во Заливот на коските и искачување на Водно. Спомнува и културни доживувања како посети на манастири и разгледување на бројните статуи низ Скопје.

Маркетинг

Комон травел (The Common Traveler) истакнува дека македонската традиционална кујна и традиционалните пијалаци, вклучувајќи ја домашната ракија и турското кафе, претставуваат задолжителен дел од секоја посета на земјата. Храната се нагласува како симбол на традиција и гостопримливост.

Дестинејшн аброд (Destination Abroad) ја истакнува Македонија како идеална дестинација за љубителите на природата. Препорачуваат посети на кањонот Матка, Охридското Езеро и Националниот парк Маврово, каде што можат да се доживеат авантури како кајакарење, планинарење и истражување на природни чуда како пештерата Врело и „потопената“ црква Свети Никола.

Во 2024 година, пишува глобално познатата патничка агенција Лотус Итерс (LotusEaters), Македонија сè повеќе привлекува внимание како уникатна туристичка дестинација. Повеќе странски посетители ги споделија своите позитивни искуства, нагласувајќи ја богатата историја на земјата, прекрасните пејзажи и топлата гостопримливост.

фото Анплаш

Македонија станува популарна по својата винска култура, а посетителите особено ги ценат локалните вина по достапни цени, па многумина одлучуваат да ги посетат винариите во земјата.

Дополнително, странските патници ја истакнале пристапноста на цените, што е значаен фактор за нејзината привлечност.

„Од сместувањето до оброците, цените се многу разумни во споредба со Западна Европа, што ја прави идеална дестинација за патници кои се сакаат буџет-патување“, пишува Лотус Итерс.

Скопје, главниот град, се гледа како шармантна мешавина на старо и ново, со древни локалитети во близина на современи кафулиња и барови. Многу туристи исто така го истакнале топлиот и пријатен дух на локалните луѓе, кои се гостопримливи и желни да ја споделат својата култура.

Во целина, Македонија добива на популарност благодарение на своите природни убавини, културното богатство и пристапност, што ја прави растечка ѕвезда во туризмот во Источна Европа за 2025 година.

Шар Планина, фото Анплаш

Што не им се допаднало на странците во 2024 година во Македонија

Јавен превоз – Некои од негативните аспекти кои странците ги споделуваат за посетата на Македонија вклучуваат проблеми со јавниот превоз. Во многу случаи, странците наоѓале информации за автобуски и железнички линии кои всушност не се достапни или се тешко достапни.

Онлајн продажба – Незадоволни се и од ограничената онлајн продажба на билети и тоа што возните редови и цените на билетите често не се објавуваат на англиски, што ги прави уште посложени за странските посетители.

Ограничена понуда во рестораните – Друга жалба е ограничената разноликост во понудата на рестораните. Многу туристи напоменуваат дека понудата на интернационална храна е доста ограничена, со малку азиски ресторани и значителна недостиг на различни светски кујни, како индиска, кинеска или корејска.

Недостаток на специфични производи – Странците што бараат специфични производи понекогаш треба да се потпрат на локалните продавници, бидејќи понудата на странски производи, како и на англиски книги, не е многу широка.

фото Анплаш

Недостаток на крајбрежни атракции: Иако Македонија е позната по своите природни убавини и по езерата, некои туристи забележуваат дека земјата нема интересни содржини на крајбрежјето, дека нема убави и организирани плажи што може да биде разочарувачки за оние што бараат типичен одмор на плажа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button