CelebrityНаши ѕвезди

Македонија се најде на пиедесталот во Брисел – кој е кочанскиот бенд што ја освои публиката?

Advertisement

Кочанскиот рок бенд „Корка“ ја освои престижната награда „People’s Choice“ на музичкиот фестивал „Imagine Music Experience“, кој се одржа на 14 декември во Брисел, Белгија. Бендот, кој беше македонски претставник на овој меѓународен натпревар за млади музичари на возраст од 13 до 21 година, ги освои срцата на публиката со најмногу гласови на онлајн гласањето.

Настапот на „Корка“ го потврди квалитетот и креативноста на македонската музичка сцена пред меѓународната публика. Ова е прво меѓународно признание за Македонија на „Imagine Music Experience“, а годинава се бележи и четврто последователно учество на македонски национален финалист на овој престижен музички настан, пренесува „Радио Кочани“.

Advertisement

Наградата на публиката ја потврдува поддршката и интересот за македонските млади таленти на глобалната музичка сцена и е охрабрувачки знак за идните музички проекти на „Корка“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button