Македонија се гордее со него, а Цеца го обожава – ова е момчето од Скопје за кое сите зборуваат
Направи лом во полуфиналето...

Цеца е пресреќна што има ваков талент во тимот
Еден од најдобрите настапи во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ кој ќе влезе во историјата беше и оној на Никола Станишиќ.
Шармантниот пејач од Македонија и овој пат пееше македонски песни, а и овој пат направи вистински лом.
Принтскрин/ Јутуб
Посебно кога на сцената се појави со двајца тапанари, па во еден момент се качи на тапаните и „Ај, да ојме Јано“.
Овој негов настап ги воодушеви сите во студиото, а Цеца цело време беше на нозе и му аплаудираше на својот кандидат.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, ова не му е прв настап на Никола во популарното шоу, иако првиот пат не постигна некој позначителен успех,
Но затоа оваа сезона уште од самиот почеток ги освои сите, а воопшто не згреши и што ја избра Цеца за менторка.
Принтскрин/ Јутуб
Соработката со неа секако му донесе големо искуство и напредок во кариерата која Никола веќе успешно ја гради.
Принтскрин/ Јутуб
Тој веќе неколку години успешно настапува како во Македонија, така и надвор од границите на поранешна Југославија.
Принтскрин/ Јутуб
Тоа најчесто се Германија и Швајцарија, а со учеството во шоуто му се зголеми и популарноста во регионот.
Принтскрин/ Јутуб
Посебна мотивација да се натпреварува има и затоа што е единствениот Македонец во финалето, за што неодамна изјави:
„Би сакал да бидам во финалето и да го освојам првото место бидејќи јас сум единствениот од Македонија“, изјави тој.
Принтскрин/ Јутуб
Никола и во претходниот круг со песната од Гоце Арнаудов направи лом и оваа снимка стана популарна на ТикТок.
@nikolastanisik Aj da bese strela pesnata.🎙️ #nikolastanisic #singer #fyp #ZvezdeGranda #viralllllll
Потсетуваме, големото финале од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи на 28 јуни, во сабота, кога 20 неверојатни кандидати ќе се борат да триумфираат во најголемото музичко шоу во регионот.
Одлуката за победникот и кој од нив ќе си го оствари сонот ја носи исклучиво публиката со своите гласови.