Интервју

Македонија е убава, но Охрид е незаменлив – искрен мубет со Лидија Вукичевиќ

Откријте зошто Охрид и е омилено место, но и што мисли за Македонците една од најубавите актерки во регионот

Реклама
Реклама

Поразговаравме со познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ (62) која и денес важи за една од најубавите жени меѓу познатите дами на Балканот. Таа е позната по улогите во култните серии „Жикина династија“ и „Подобар живот“ уште од времето на поранешна Југославија, а за неа и денес многумина велат дека е жена со вонвременски шарм и дека е иста како и кога се појави на екраните.

Со оваа прекрасна дива поразговаравме на најразлични теми, а што сé ни откри таа од својот приватен, но и од професионалниот живот, дознајте од ексклузивното интервју во продолжение.

Прашање: Имавте доста претстави кај нас, многу гостувања и минатата година, а и оваа со хит комедијата „Обвинителка“. Како се чувствувате кога сте во Македонија и што Ви е најдраго кога сте кај нас на гости?

Јас во Македонија се чувствувам како дома навистина затоа што скоро пет години доаѓам играм претстави. Пред оваа игравме една друга претстава, па ја играме „Oбвинителка“ и јас сум многу среќна. И со колегите ми е тука многу убаво и навистина се чувствувам како дома, и уживам со сите луѓе што ги познавам тука. И секогаш кога треба да дојдам пак многу се радувам.

Маркетинг

Прашање: Посетивте доста градови низ нашата земја, кое место во Македонија Ви има оставено најубав впечаток?

Мене ми се допаѓаат сите места, скоро цела Македонија ја пропатувавме но Охрид е незаменлив. Тој е еден потполно онаков град кој е фантастичен со голем број на цркви, и Охрид ми е најомилено место.

Маркетинг
Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Какво е Вашето мислење за македонската публика, каква е нашата публика кога е театарот во прашање?

Фантастична е македонската публика. И многу образована публика и е стручна театарски, така да пред македонската публика не може да се игра било што и било како, мора многу да се биде точен, прецизен и да се дадеш на сцена за да добиеш реакција од публиката.

Прашање: Лидија, Ве паметиме по улогите во популарните серии „Подобар живот“, „Жикина династија“, Вие навистина не се менувате, која е вашата тајна и како успевате цело време да изгледате исто?

Ви благодарам многу на комплиментите…

Но да ви кажам најискрено – не знам. Многу ми го поставуваат ова прашање, но јас мислам дека е тоа – весело срце. Мислам дека луѓето со позитивни мисли и со некоја радост која секогаш ја носат во себе дека не ги добиваат оние неубави брчки и некако остануваат секогаш духовно млади. И веројатно внатрешното чувство делува и на надворешниот изглед, така да, тоа е веројатно тоа.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Кој е Вашиот дневен ритуал, како Ви почнува денот наутро?

Наутро првин, мене всушност вечерниот ритуал ми е подолг од утринскиот, вечерниот ми е симнување на шминката мачкање на креми и се, а наутро стандардно, миење, првин пијам кафе и го прескокнувам доручекот што не е многу убаво, но мене ми е убаво. И јас со години така правам, така да јас се негувам навистина, се негувам уште одамна не само од кога сум глумица туку научив од дома уште од мојата мајка. Така да уште од мала научив дека треба да ја симнам шминката пред да легнам и да ставам крема, и дека таа лична хигиена е всушност е одраз на една жена, но пред се внатрешна хигиена на душата, па најверојатно кога ќе се спојат и едното и другото тогаш тогаш имате добри резултати.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Имате една специфична појава и Вашата коса стана Ваш заштитен знак, како ја негувате со оглед дека е многу бујна и виткана?

Да, сите ме прашуваат од каде таква коса, им велам така сум родена и никогаш не сакав да ја менувам косата затоа што тоа не би била јас, затоа што косата е мој печат. Е сега за некоја потреба на некоја улога би ја променила и сум ја менувала и сум ставала и перики и не знам што се, но мојата коса ја негува еден феноменален фризер во Белград, Борис Обрешки, така да јас навистина ја негувам косата затоа што ваква коса бара навистина голема нега за да биде убава и не смее да се запостави.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Имате феноменално вито тело, па дали тоа е резултат не некоја физичка активност и дали вежбате нешто?

Не, ништо, единствено што сум голем љубител на животни, имам кучиња, имам мачки и го присвојувам од улица и сум постојано во движење. Постојано ги шетам и доста време поминувам во природа, значи ако шетањето ми е некое вежбање тогаш нека биде тоа.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Како стоите кога е вашиот емотивен статус во прашање. Дали сте вљубена и што значи љубовта за Лидија Вукичевиќ?

За мене посилен збор од љубов е взаемност, значи давање на себе еден на друг, значи без взаемност нема ништо. Не постои љубов без взаемност. Така да јас сум во љубов и среќна сум и се трудам да го негувам тоа да остане не заљубеност, туку да остане навистина љубов. И да не се претвори во навика, бидејќи јас ако се претвори во навика не можам повеќе да бидам со таа личност. И излегувам од таа врска затоа што подразбира само губење на време, пред се затоа што сте заедно од навика, а времето си поминува. Така да повеќе би сакала да бидам сама од колку со некого да бидам од навика.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Знам дека немате никакви естетски корекции освен хијалурон, дали останувате на ставот дека нема да правите во иднина некои естетски корекции ако почувствувате дека не сте задоволни од својот изглед?

Сега за сега да, меѓутоа знаете што, јас не сум за ботокс и за некоја претерана работа со естетиката затоа што тоа секогаш се гледа.

Да речеме, јас на својата уста никогаш нешто не сум правела освен што ја исцртувам со молив за усни. Но се гледа дека е природна, значи јас се што е неприродно некако не ми се допаѓа.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Немам ништо против кој сака нешто да направи и ако тоа го прави среќен, но мене тоа не ме прави среќна, така да не би правела ништо.

Прашање: Дали оваа Лидија што е денес е задоволна од она девојче Лидија кое го започна сето ова што сте денес во однос на глумата и актерството?

Па да ви кажам јас од искуство научив дека глумата е составен дел од мојот живот и дека не е мој живот и дека е тоа моја професија со која јас се занимавам. А животот да се води паметно и треба да управуваш со својот живот, онолку колку умеете да управувате со својот живот толку и ќе бидете среќни. Секако во сечиј живот имате и убави и неубави моменти и ситуации но човек мора да сфати и да управува со животот и да оди напред. Јас уште од дома научив дека човек мора да оди напред. Јас сум голем емотивец и многу сум емпатична, но никогаш не губам надеж и секогаш одам кон подобро и секогаш си велам ќе се случи нешто убаво и после неубавото велам ќе дојде нешто убаво.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Која храна од македонската ја сакате најмногу?

Сакам се, особено ајвар и се што е направено од пиперка, значи пиперка обожавам. Јас не јадам месо, но овде имате преубави пекари кои имат многу вкусни производи и се што е од пиперка. И макало обожавам. Вие сте познати по убавата храна и онаа храна која мене ми годи.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Прашање: Што мислите за Македонците како народ ?

Се најубаво. Ние сме малте не еден народ и никогаш не сме имале некаков проблем. И јас стварно во Македонија се чувствувам како дома, така да ова е мој народ, и јас сум нивна и тие се мои.

Прашање: Што ја прави Лидија среќна, а што ја нервира многу?

Највеќе ме нервира глупост и површност, меѓутоа во последно време почнав да сфаќам дека површните луѓе се всушност ограничени и имаат толкав домет. И тие не можат да видат повеќе од тоа и тогаш им простувам. Нема врска тоа е, тие се во својот мал оклоп и тоа е толку.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Не можете вие да ги научите поинаку и на поширок видик, така да немам ништо против, само ми е тажно тоа. Мислам дека луѓето со ширина многу поубаво и посреќно живеат.

Прашање: Вие сте горда мајка на двајца синови. Како ги воспитувавте и дали сте задоволни од она што се тие денес?

Моите синови се патријахално воспитани. И Андреј и Давид, затоа што јас мислам дека така треба и никогаш не сум отстапувала од традицијата нити ќе отстапам. Мислам дека треба да се негува такво воспитување. Тие се момчиња кои се добро воспитани, Давид е пилот, а Андреј е спортски директор во ОФК Белград и го знаат секој ред, кои ја почитуваат својата мајка. Мене не може да ми се каже, што ти, вака или онака никогаш, тие се грижливи затоа што јас така ги научив, јас бев таква и спрема нив а и спрема моите родители додека беа живи. И всушност се се гледа од дома, јас сум сигурна дека се потекнува од дома и дека тоа растење многу влиаје на животот понатаму особено влијанието на мајката. Мислам дека Достоевски рекол дека мајката ја одредува судбината на своите деца, така да во оние семејства каде што мајката не е посветена многу на своите деца, таму мислам дека тие деца се најнесреќни. Јас сум израсната во куќа со многу љубов и мислам дека исто и моите деца. Тие се момци кои не баш припаѓаат во овој современ свет.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Тие знаат добро што е во ред а што не е, и знаат како треба да се однесуваат спрема луѓето, како треба да биде комуникацијата. Добри пријатели се и тоа ми е многу важно, затоа што кога некој ќе ми каже колку ти се добри децата и воспитани, верувајте дека тоа ми е најголемиот успех во животот.

Прашање: Ако не би биле актерка што би биле?

Психолог. Јас запишав психологија и сакав да бидам психолог, гранка клиничка психологија и да работам некаде во некоја клиника. Многу сакав, но меѓутоа бев примена на глума и знаете како – таму отидов по наговор на една моја  другарка. Јас навистина сакав да бидам психолог, не актерка.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Но нема тука некоја голема разлика затоа што актерот треба да биде и психолог за да може да изнесе еден лик и да го направи тој лик. И мора да се занимава со сотојбата на човекот, да ги набљудува луѓето, да гледа на кој начин пијат, на кој начин ја палат цигарата, на кој начин одат, како зборуваат, со каков ритам, така да пак сме некаде кај психологијата.

Прашање: Дали наскоро повторно ќе Ве гледаме во некој филм или серија?

Да, сега почнувам да ја работам „Жикина династија“ римејк на „Жикина династија“. И секако дека Без Гидра и Марко Тодоровиќ не е тоа тоа, но ете екипата се обиде да направи, сите тие кои учествуваа во „Жикина династија“, јас мислам дека беа седум, сите да се појават.

Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Исто така работам и една серија која треба да почне да се емитува и се вика „Дадилка од село“. Работам и на една театарска претстава која би требала да биде спектакл каде што јас ќе траба да пеам на сцена и да играм во живо. Мислам дека е тоа е една претстава работена според една фантастична изворна ромска поезија која е животна и која е вистинита и тоа е единствена вистина нема пет вистини. Има нешто што е точно така и за сите генерации кои доаѓаат. Мислам дека треба да се запрашаме сите за вистинските вредности во ова денешно време. Вредности кои се одамна изгубени.

Прашање: Кое е Вашето животно мото?

А ти ако не си птица не седи блиску до провалијата. Андреј Жив рекол, и јас сум според мојот хабитус баш таков профил. Јас можам, јас пробувам, јас сакам, јас не сум некој кој го бира полесниот пат, кој се штити себеси. Јас мислам дека треба да се живее со полни гради и треба да се даде се од срце па како биде нека биде. Јас се што правам правам од срце.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button