Македонецот што беше еден од најдобрите во „Ѕвездите на Гранд“ се откажува од шоуто?! Ова е причината…
Неговиот ментор ја објасни ситуацијата...

Важеше за фаворит, а се откажа од „Ѕвездите на Гранд“?
Шармантната Јелена Радловачки од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ освои пет гласови во популарното шоу, но за жал, кандидатот што требаше да настапи со неа не се појави.
Станува збор за младиот пејач од Македонија, Кристијан Марковски, кој не успеа да дојде на снимањето на оваа емисија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Петте гласови за Јелена не беа доволни таа директно да помине во следниот круг од натпреварот, а покрај Цеца, која беше во улога на ментор на кандидатката, и водителот Воја Недељковиќ, овој пат седеше и менторот на пејачот што не се појави, Ѓорѓе Давид.
„Кристијан не можеше да дојде, се слушнавме бидејќи има сериозни семејни проблеми. Ќе ги потсетам луѓето дека тој е сериозен потенцијал, и талент, и јас се надевам дека ќе се врати во натпреварот кога ќе ги надмине проблемите. А сега, ниту овој натпревар ниту јас како ментор не можеме да сметаме на него“, образложи Ѓорѓе Давид по настапот на Јелена за својот кандидат.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Кристијан има 29 години е од Гевгелија, а со своите настапи во претходните кругови ги воодушеви и жирито и публиката.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но покрај својот голем талент, Кристијан ги освои сите и со својата харизма, па важеше и за еден од најголемите фраери во шоуто.
Цеца уште од првиот негов настап беше воодушевена од него и му кажа дека им сé за да биде ѕвезда, а Ѓорѓе кој е познат по тоа што има симпатии кон кандидатите од Македонија, беше пресреќен што доби ваков генијален пејач во својот тим, па по неговиот прв настап во шоуто му го порача следново:
„Прво изгледаш како некој италијански актер од 70-те години, сценски изгледаш одлично, првиот услов го задоволи. Песната ја изведе со леснотија иако мислев дека ќе се испокршиш, а потоа втората песна каде има уште повеќе високи тонови, ти едноставно брилираше. Блазе си му на оној што ќе ги избереш за свој ментор“, го коментираше Давид тогаш првиот настап на Кристијан.