Наши ѕвезди

Македонецот од Париз кој со својот шарм го освојува Балканот – од Гранд ѕвезда до самиот врв

Новиот спот веќе има рчечиси 800.000 прегледи

Advertisement

Пејачот Даниел Тренчовски, наша поранешна „Гранд“ ѕвезда, со својот најнов спот го воодушеви целиот Балкан.

Неговата најнова песна за само неколку дена има речиси еден милион прегледи на неговиот канал ја Јутуб, а оваа бројка само укажува на тоа дека овој македонски пејач има уште еден хит пред себе.

Advertisement

Тој и овој пат не штедеше кога станува збор за спотот, па така сними уште едно музичко ремек-дело што го освојува Балканот.

Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Даниел тоа го направи и со својата претходна песна, кога сними високобуџетен спот во Босна и Херцеговина, а главен „јунак“ беше една необична Инстаграм сензација– голема вистинска мечка, со која пејачот беше во близок контакт додека ги снимаа кадрите.

Advertisement

Најновиот спот пак, е снимен во Париз, а е посветен на еден негов пријател кој доживеа тешка сообраќајна несреќа, но од која излезе уште посилен, како што гласи и насловот на песната – „Посилни од кога и да е“. .

Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Повеќе за неговата најнова песна прочитајте тука, а погледнете го и видеото што никого не остави рамнодушен.

Потсетуваме, Тренчовки штом се појави во „Ѕвездите на Гранд“ привлече внимание и со своите интересни стајлинзи, а како што тогаш пишуваа и медиумите од соседството, припадничките на понежниот пол веднаш паднаа на неговиот шарм и не останаа имуни.

Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Тој веќе со години живее во Париз каде го сними и последното видео, а често настапува низ клубовите во Европа.

По учеството во „Ѕвездите на Гранд“ неколку пати гостуваше во нивните емисии, а во една пригода откри детали и од својот приватен живот, напоменувајќи дека неговите песни најчесто се инспирирани од вистински ситуации и дека се како некое огледало.

Пејачот тогаш зборуваше и за една негова претходна турбулентна љубовна врска, а повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button