Македонецот направи лом во „Ѕвездите на Гранд“ – ги воодушеви сите, Цеца беше најсреќна
Настапи со две македонски песни и ги воодушеви сите

Пејачот од Македонија, Никола Станишиќ (24), ја отвори новата епизода во „Ѕвездите на Гранд“ на величествен начин.
Тој настапи со македонски песни, а од жирито беше награден со шест гласови со што директно се пласираше во следниот круг.
Ова посебно ја израдува Светлана Цеца Ражнатовиќ, неговата менторка која не ја криеше среќата што Никола директно помина.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Браво мило мое“, му порача таа.
Неговиот настап прва го коментираше Ана Бекута која истакна дека најмногу сака кога Македонците пеат на својот мајчин јазик, што го потврдија и останатите членови на популарното жири.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Тоа го сакаме сите тука, зошто Македонец да ни пее српски или хрватски песни, желни сме за вашиот мелос“.
„Прекрасно пееше Никола, беше весел и еве шестка“, го пофали нашиот пејач познатата фолк-пејачка.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Никола позитивна критика доби и од Марија Шерифовиќ, неговата поранешна менторка, која истакна дека е одличен кандидат.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
На неговата изведба ни Снежана Ѓуришиќ не остана имуна, па со комплиментите што му ги кажа му „изнуди“ насмевка на лицето.
Настапот на Никола погледнете го во продолжение…
Инаку, Никола и Ања Михајловиќ од тимот на Ѓорѓе Давид беа единствените што успеаја директно да се пласираат за следниот круг.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Во емисијата се натпреваруваа шеснаесет кандидати, а во следниот круг од бараж успеаја да поминат уште осум.
Потсетуваме, Никола има 24 години и се натпреваруваше и пред пет години во истото шоу, само тогаш беше во тимот на Марија Шерифовиќ.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Тој тогаш најпрво беше во тимот на Мили, но по еден негов настап Шерифовиќ реши да го земе во нејзината екипа.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Како што откри Никола тогаш, Мили наводно бил презафатен и не можел со него да работи, па по еден негов настап кога ги изведе песните „Лазарополе, таму најгоре“ и „Кад заболи“ Марија реши да го преземе и да му помогне во натпреварувањето.