Македонец со својата убавина ги шармираше сите во „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца беше воодушевена
Ем убав, ем пее како славеј, беше заклучокот на сите
Кристијан Марковски од Гевгелија ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“ и за својот настап доби пет гласови.
И бидејќи Марија, Босанац и Снежана беа воздржани, додека Цеца беше една од оние што гласаа за него и која беше воодушевена.
Според неа Кристијан има сé за да биде ѕвезда, па пејачката максимално уживала во неговата одлична интерпретација.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Слично мислење имаше и Вики, кумата на Цеца, додека Ѓорѓе Давид кој гласаше за него меѓу првите, изјави:
Прво изгледаш како некој италијански актер од 70-те години, сценски изгледаш одлично, првиот услов го задоволи. Песната ја изведе со леснотија иако мислев дека ќе се испокршиш, а потоа втората песна каде има уште повеќе високи тонови, ти едноставно брилираше. Блазе си му на оној што ќе ги избереш за свој ментор, го коментираше Давид настапот на шармантниот пејач.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
И Мили и Бекута беа со слично мислење, додека Марија Шерифовиќ иако не му даде глас, сепак истакна дека местото му е во шоуто.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
На крајот Кристијан имаше прилика сам да го избере својот ментор од оние што гласаа за него и тој го избра Ѓорѓе.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, покрај Кристијан истата вечер уште една девојка од Македонија се престави пред славното жири.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Но за разлика од Кристијан, таа имаше многу поголема трема и помина со три гласови, што сепак и дадоа прилика сама да го избере својот ментор, па таа решително ја избра Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Станува збор за 23 годишната Ана Марија Илиевска, а како изгледаше и нејзиниот настап, потсетете се тука.
Во продолжение погледнете го настапот на Кристијан кој моментално е еден од најголемите фаворити од Македонија во шоуто.