Македонец со олдтајмер ја покори Европа – епска авантура од 3.000 километри и 4 фериброда

Битолчанецот Далибор Митковски, член на Фејсбук-групата Олдтајмер Македонија, сподели интересна објава во која раскажува за своето авантуристичко патување со неговото класично Фолксваген комбе.
Неговата рута го однела преку повеќе европски земји, од Македонија, преку Црна Гора и Хрватска, па сè до италијанскиот град Анкона, од каде што со фериброд отпатувал кон островот Сардинија. Во текот на оваа незаборавна тура, Митковски поминал околу 3.000 километри и користел вкупно четири фериброда.
Неговата објава наиде на многу позитивни реакции меѓу членовите на групата, кои го пофалија за неговата посветеност кон олдтајмерите и за храброста да тргне на такво долго патување со класично возило.
Патувањето на Далибор стана инспирација за многумина кои го споделуваат истото хоби, љубовта кон старите автомобили и духот на патувањето без граници.




