Македонците од целиот свет се топат на овие стихови – спектакуларен настап на Јордан во Пијаченца
„Твојте очи како ѕвезди на небо, твојот насмев како сонце утринско“, пее Јордан, за својата ќерка
Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев со своите настапи ја воодушевува публиката во Македонија, но и во дијаспората.
Јордан редовно настапува како кај нас, така и секаде низ светот каде што живеат Македонци, а таа беше и неодамна кога до последно место ја исполни салата во Пијаченца, Италија, и на нашинците им приреди одлична забава.
Публиката беше воодушевена додека Јордан ги нижеше своите хитови и речиси сите беа на нозе и се фатија во орото.
Фејсбук/ Јордан Митев
Пејачот по концертот сподели фотографии од настанот и на овој начин им се заблагодари на организаторите, но и на сите гости што беа дојдени заедно да уживаат во убавите македонски песни.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан Митев пред точно една година се оствари во улога на татко, а ќерката му се роди во Австралија додека беше на турнеја.
Фејсбук/ Јордан Митев
Една година подоцна пејачот сними песна за неа, „Ќерка“, која што и ја посвети на својата Кристина, но и на сите ќерки и нивните татковци.
Фејсбук/ Јордан Митев
„Твојте очи како ѕвезди на небо, твојот насмев како сонце утринско“ вели нашиот познат фолк-пејач во својата најнова песна посветена на неговото чедо по повод нејзиниот 1-ви роденден и светото крштевање.
Како звучи Јордан во ова свое издание, слушнете во продолжение…