Мила мајко, ништо на светот не е толку големо за да можам да ти ја изразам својата благодарност. Ти си мојата најголема светлина во животот, моја утеха, моја надеж и моја вечна ѕвезда водилка.
Ти благодарам што постоиш и што се трудиш секој мој ден да биде уште подобар од претходниот. Ти благодарам што ме научи како да сакам и кои се вистинските вредности во животот. Ти благодарам што ми даде знаење, трпение и моќ. Твоите раце ми ја покажуваат големината на светот, а твоето срце е доказ дека мајчинската љубов не познава граници.
Секој мој ден е поубав поради тебе. Ти ме направи она што сум денес: Храбра и непокорлива личност. Личност која знае да застане пред светот и да им се спротистави на сите неволји. Личност со емпатија, со желба и моќ да им помага на другите.
Се надевам дека еден ден ќе ја сфатиш мојата вистинска благодарност кон тебе и дека ќе успееш вистински да ја почувствуваш длабочината на мојата љубов. Ниту еден друг збор не е достоен да го замени зборот МАЈКА!