Мајката на Тина (9) и Сара (5) не излегува од својот дом – скршена од болка, не ги испушта нивните играчки
Комшиите откриваат во каква состојба се родителите на двете мали девојчиња што загинаа во Нови Сад...
Не стивнуваат реакциите по страшната трагедија, а болката ќе остане засекогаш, посебно кај семејствата на жртвите
Несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад кога огромна конструкција се сруши на Железничката станица и усмрти 14 лица го потресе регионот. Меѓу жртвите најмлада беше Сара која имаше само 5 години како и нејзината четири години постара сестричка, Валентина (9) која исто така е межу жртвите.
Овие две девојчиња загинаа заедно со својот дедо, Даниел Фириќ, со кого тргнале на слава во Лозница, но никогаш не стасале таму.
Социјални мрежи
Како што пренесуваат медиумите, а според изјави на комшиите на ова семејство, мајката по несреќата не излегува од дома, а таткото откако се вратил од препознавањето во болницата, едно време не зборувал со никој. Тој подоцна за медиумите откри низ каква агонија поминал со својата сопруга откако слушнал за несреќата. Тие со часови ги барале децата, од болница во болница, надевајќи се дека се живи, но за жал, девојчињата биле меѓу жртвите.
Социјални мрежи
Потсетуваме, во несреќата што се случи во Нови Сад загинаа 14 лица меѓу кои и научникот од Македонија, Васко Саздовски (45).
Социјални мрежи
Сара и Тина кои беа најмали меѓу жртвите беа закопани заедно со нивниот 53 годишен дедо со кого тргнале на слава, но за жал никогаш не стигнале таму. На социјалните мрежи се шири и една тажна фотографија од нивниот татко, кој го имал истетовирано датумот на раѓањето на своите ќерки и местото на раѓање, што укажува на тоа колку ги сакал и колу тие му значеле во животот.