CelebrityНаши ѕвезди

Мајката на Ребека со емоции за внукот – „Маркијан убавецот во Венеција, најсреќен е кога патува“

Advertisement

Емотивен момент од семејството на пејачката Ребека Јанковска-Ристески повторно ги трогна следбениците на социјалните мрежи. Нејзината мајка, легендарната телевизиска спикерка Роза Катиновска, сподели фотографија од својот внук Маркијан, направена за време на патување во Венеција, испраќајќи кратка, но топла порака исполнета со љубов.

„Маркијан убавецот во Венеција. Многу е среќен кога патува“, напиша Катиновска, откривајќи уште еден мал, но значаен дел од светот на момчето кое со години е симбол на истрајност, семејна сплотеност и надеж.

Advertisement


Маркијан е првото дете на Ребека и на нејзиниот сопруг Милан Ристески, лекар по професија. Тој боледува од ретката болест туберозна склероза, а неговото растење и секојдневие се исполнети со предизвици кои семејството со години ги совладува со многу посветеност, вера и поддршка. Денес Маркијан има 19 години.

Ребека и Милан се родители и на 12-годишните близнаци Доротеј и Макариј, а нивното семејство често е пример за љубов и сила во јавноста. Пејачката, која воедно е и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, неодамна му се обрати на својот син и со емотивна роденденска порака.

„19 години. Искачивме многу планини, а нè чекаат уште. Ви благодариме на честитките. Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ние и Маркијан до тука. Слава на Бога“, напиша Ребека, испраќајќи порака на благодарност и надеж.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button