ВестиНаши ѕвезди

Мајката на Ивона која загина во пожарот во Кочани со трогателна објава во спомен на ангелите (фото)

„Вие, нашите ангели, засекогаш ќе бидете во нашите срца. Вашите имиња нема да замолкнат, вашите лица нема да избледат. Ќе живеете во нашите солзи, во нашите соништа, во секое утро без боја и секоја ноќ без мир...“

Advertisement

„Наместо живот, вечен спомен!“

Мајката на Ивона, младата девојка од Кочани која во цутот на младоста го изгуби животот, се огласи на социјалните мрежи.

Advertisement

Стојка Иванова Антова е мајка на Ивона Антова, младата планинарка што загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Принтскрин/ Фејсбук

Таа деновиве се огласи со емотивна порака на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук која ја пренесуваме во целост.

Advertisement

Стојка, која инаку е единствената жена пожарникар во Кочани, пораката ја напиша во описот на еден колаж направен од фотографии од младите што загинаа во страшната несреќа што се случи.

Принтскрин/ Фејсбук

Нејзината објава ја започна со датумот на трагичниот настан, 16.03.2025, со наслов „Ден кога замре младоста“.

🖤💔 16.03.2025 Ден кога замре младоста 💔🖤

„Тргнавте на концерт, со насмевки и соништа во очите, со планови што ги чувавте за утре. Но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките. Останаа 62 празни места, 62 тивки гласови, 62 незавршени животи“, напиша мајката на својот Фејсбук, па во продолжение ги додаде и следниве тажни стихови посветени на загинатите.

Наместо песна – тишина.
Наместо радост – црнина.
Наместо живот – вечен спомен.

А ние, родителите, останавме со празни раце.
Да чекориме низ свет што веќе нема боја,
да влегуваме во домови во кои вие никогаш повеќе нема да влезете.
Да чекаме чекор по скалите, а да слушнеме само ехо.
Да сонуваме за прегратка што никогаш нема да ја почувствуваме.

Принтскрин/ Фејсбук

Нашите срца се скршени, душите осиромашени,
а болката е вечна како и љубовта кон вас.
Секој ден е борба да дишеме, а не живееме,
зашто животот без вас е празна сенка.

А моето единствено Ивонче…
Мојата радост, мојата гордост, мојата светлина –
ја украдоа пред време.
Нема збор што ја опишува празнината,
нема сила што ја лечи оваа рана.
Ќе остане засекогаш млада, убава, насмеана –
а јас засекогаш мајка со празна прегратка и со душа што крвари.

Вие, нашите ангели, засекогаш ќе бидете во нашите срца.
Вашите имиња нема да замолкнат, вашите лица нема да избледат.
Ќе живеете во нашите солзи, во нашите соништа,
во секое утро без боја и секоја ноќ без мир.

Принтскрин/ Фејсбук

Не ве забораваме. Не можеме, ниту сакаме.
Вие сте нашето „засекогаш“
🖤😭♾️😇

Стојка Антова-мајката на единствената ќеркичка Ивона Антова

Потсетуваме, Стојка е една од многуте мајки кои во таа кобна мартовска ноќ останаа без своите најмили.

Принтскрин/ Фејсбук

Нејзината ќерка имаше само 21 година и пред неа беше животот, кој за жал прерано згасна во несреќата.

Принтскрин/ Фејсбук

Таа беше планинарка, како и нејзините родители, а во несреќата загина и нејзиниот колега, младиот планинар Ѓорѓи Величков.

Принтскрин/ Фејсбук

Принтскрин/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button