Новости

Мајката на Гранд ѕвездата што загина вчера се огласи – скршена од болка сподели само четири збора

Нејзината порака ги растажи сите...

Advertisement

Пејачот Предраг Пеџа Бошњак (34) загина во сообраќајна несреќа откако падна со мотор, а сега се огласи и неговата мајка.

Младиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде со својот талент и шарм стекна голем број фанови во регионот, по несреќата беше пренесен во болницата во Суботица, но докторите не успеаја да го спасат.

Advertisement

По страшната несреќа на социјалните мрежи се огласи и неговата мајка Драгица Каримовиќ Бошњак и сите ги растажи.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа ја замени својата профилна фотографија со црна позадина, а под неа нејзините пријатели почнаа да и изразуваат сочувство.

Advertisement

„Почивај во мир, ангеле“, напиша мајката во објавата.

Бошњак во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше пред десетина години, кога за неговиот талент зборуваа сите.

Младиот пејач тогаш имаше само 23 години, а ќе остане запаметен по неговиот препознатлив глас и харизма.

Принтскрин/ Инстаграм

На неговите профили на социјалните мрежи многумина изразуваат сочувство, во тага и болка заради неговото прерано заминување.

Како што пренесуваат медиумите, несреќата се случила околу 16.35 часот откако изгубил контрола над моторот и слетал од патот на обиколницата околу Палиќ, градска населба во близина на Суботица. По несреќата младиот пејач со тешки телесни повреди бил префрлен во болницата во Суботица, каде во текот на вечерните часови, и покрај големите напори на докторите, го изгуби својот живот.

Принтскрин/ Инстаграм

Последната објава на пејачот

Оваа вест ги потресе неговите ријатели, колеги и бројни фанови кои почнаа да се збогуваат од него на социјалните мрежи.

Некои од нив се под неговата последна објава која што Бошњак ја објави пред десетина дена, односно на 9 март.

Тој тогаш за сите дами во живо ја испеа една од најубавите балади на поп пејачот Сергеј Четковиќ, „Љубов“.

„Бидејќи дамите го бараа ова“, напиша тој тогаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button