Наши ѕвездиСтил

Мајката на Боки во ова издание изгледаше подобро и од Меланија Трамп – погледнете го и фраерот со неа

Боки на гласање дојде со својата мајка, и тоа не местото каде ја сретна својата прва љубов

Advertisement

„Чиста елеганција“, вели Боки

И два дена по изборите не стивнуваат реакциите за стајлингот што го носеше Боки кога излезе на гласање.

Advertisement

Имено, Боки и оваа година излезе да гласа со својата мајка Јасмина, а за ова негово издание соби бројни комплименти.

Принтскрин/ Јутуб, Пинк

Посебно внимание привлече и неговата мала чантичка, но и големата кафеава чанта што ја носеше неговата мајка.

Advertisement

Станува збор за модели од светски познати брендови, а Боки е познат по неговата пасија кон скапоцени чанти.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој се снимаше пред училиштето кое беше избирачко место, а во кое Боки ги поминал најубавите моменти од детството.

„Еве не и нас со слика од гласање на крај како шлаг на торта, покуси да не останеме. Чиста елеганција. П.с од тука имам најубави спомени, во Коменски го завршив основното образование, тука запознав најдраги другари и другарки со кој се дружам и ден денес и тука ми беше првата љубов“, напиша Боки во описот на фотографијата.
.
Во продолжение потсетете се како Боки изгледаше и на едни од претходните избори, на кои повторно гласаше со својата мајка.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Инаку, големо внимание привлече и неговата мајка Јасмина со ова свое издание кое може да се спореди и со најдобрите модни изданија на најпознатата прва дама во светот, Меланија Трамп.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Во продолжение погледнете го и најновиот документарен филм на Боки во кој зборува за своите затворски денови.

Во филмот се појавува и неговата мајка Јасминка, која зборува за неправдата и тортурата низ која што има поминато во изминативе години заради својот син.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button