Мајката гордо го покажа синчето џин, луѓето шокирани – тој тебе те храни, а не ти него
Џиновско бебенце стана хит на интернет, мајката покажа видео, а луѓето не можат да поверуваат дека е вистина!

Бебенце од Австралија ги збуни корисниците на социјалните мрежи и стана вистинска сензација. Имено, корисниците на Интернет мислат дека видеото е генерирано со вештачка интелигенција, бидејќи детето изгледа неверојатно големо. Сепак, станува збор за вистинска случка.
Хлоја Сатон, 25-годишна мајка и инфлуенсерка, објави видео на Тик ток на кое позира со својот 7-месечен син кој тежи околу 15 килограми, и оттогаш станаа вирален хит.
Advertisement
„Многумина мислат дека видеото е направено со вештачка интелигенција, но не е. Ова е мојот син, само е многу големо бебе! – изјави Хлоја, која има повеќе од 8,1 милион следбеници на Тик ток.
@chloesapic Advertisement
Во видеото, таа го подигнува својот син кој зазема повеќе од половина од нејзината висина (таа има 168 см), за да покаже дека е вистинско дете, а не дигитална измама.
И покрај тоа, дел од корисниците продолжија да се сомневаат.

Во друго видео, Хлоја го покажа и својот сопруг, кој е висок 188 см, но дури и покрај него момчето изгледа како вистински џин. Коментарите не престануваа да пристигнуваат:
„Тој тебе те храни, не ти него!“, „Дали тој те роди тебе?“, „Ова сигурно е AI!“, „Невозможно, ова мора да е некоја дигитална монтажа!“
Иако реакциите се мешани, повеќето следбеници признаа дека бебето е преслатко и дека мајката со гордост го прифаќа вниманието кое го привлече нејзиното „големо мало чудо“.
@chloesapic