Мајка заедно со своите две деца скокнала во Нијагарските Водопади – полицијата ги бара нивните тела
Мајка скокнала во смрт заедно со своите деца
Мајка заедно со своите две деца почина откако падна во Нијагарските Водопади во понеделникот во вечерните часови.
Кјанти Меанс и нејзиниот деветгодишен син Роман Росман и петмесечната Мека Меанс ја преминаа заштитната ограда и паднаа во смрт, соопшти полицијата на државата Њујорк, пренесува „Дејли меил“.
Како што пишува порталот „Syracuse.com“. нивните тела се уште не се пронајдени, а падот наводно бил „намерен“.
Фејсбук
Во текот на истрагата се користат дронови, но за сега се уште не се пронајдени телат на жртвите, пишува „Дејли меил“.
Според профилот на Линкенд, мајката работела како советник против насилство во семејството, а живееле на Нијагарските Водопади.
Фејсбук
Нејзините пријатели се уште се збогуваат од неа на Фејсбук, шокирани од она што се случило, и тоа пред очите на многумина.
Унсплеш
Инаку, ова не е прва несреќа што се случила на ова место – минатата година една мајка од Илиноис почина откако со својот син скокнала во бездната. Нејзиниот син тогаш преживеа, додека телата на децата на Меанс, како и нејзиното, се уште не се пронајдени и службите интензивно трагаат по нив.
Потсетуваме, Нијагарските Водопади се наоѓаат на дваесет-минутно возење од американскиот град Бафало во државата Њујорк и на час и половина возење од канадскиот град Торонто.
Тие се прославени заради нивната убавина, но, исто претставуваат важен извор на хидроелектрична струја. Нијагарските Водопади претставуваат популарна туристчка атракција скоро еден век и ова природно чудо го делат збратимените градови со исто име Нијагарски Водопади (Онтарио) и Нијагарски Водопади (Њујорк).