Мајка три дена го возела своето мртво бебе во количка – нејзиниот партнер сака таа да ја преземе вината
Монструозно убиство што го шокираше светот
Мајката која три дена го возела своето починато дете во количка за бебиња во полицијата изјавила дека нејзиното момче барало од неа да ја преземе вината за нејзината смрт…
Како што пренесуваат медиумите, Челси-Глисон Мичел бил забележана како ја вози во количката својата двегодишна ќерка Изабела Билдон.
Мајката била задно со партнерот Скот Џеф со кого биле забележани на разни места, вклучувајќи и продавница за видео игри.
Според обвинението, Изабела починала заради брутално насилство што го доживеала непосредно пред да и откаже срцето на 26 јуни минатата година, во домот за бездомници во Ипсвич, Англија.
Инстаграм
Мајката и нејзиниот партнер неколку дена ја возеле во количка малата Изабела се додека еден пријател не повикал полиција кои потоа го пронашле бебето меѓу крпите во купатилото на овој пар.
Инстаграм
Џеф вели дека нема ништо со бројните фрактури и преломи на телото на детето и целата вина ја префрла на мајката.
Инстаграм
Од друга страна пак, мајката во полицијата изјавила дека Џеф само сака таа да ја преземе вината на себе и да даде лажна изјава.
„Тој ми кажа да лажам и да кажам дека јас тоа направив сама“, изјавила мајката во полицијата додавајќи дека Џеф на тој начин сакал да се извлече и да не оди во затвор, а таа да ја преземе целата вина.
Инстаграм
„Тоа го направи тој. Јас ништо не направив“, изјавила мајката на судењето кое се уште е во тек, обвинувајќи го партнерот.
Како што пишува „Дејли меил“, оваа поранешна помошничка во градинка вели дека сакала да повика Брза помош, но Џеф не и дозволил.
Инстаграм
„Мислам дека бев во шок“, вели таа оправдувајќи се зошто не повикала полиција и додавајќи дека била под влијание на Џеф.
Инстаграм
Изабела наводно било нормално и потполно здраво девојче се додека мајката не ја започнала врската со него по разделбата од таткото на девојчето, што се случило во мај минатата година.
Монструозното убиство се случило некаде помеѓу 26 и 30 јуни минатата година, пишува „Дејли меил“.
Според обвинителите, мајката не направила ништо за да ја одбрани својата ќерка додека нејзиниот партнер бездушно ја тепал што на крај завршило со фатални последици од кои двегодишното девојче починало.