Реклама
Кафе муабет

Гостите и го загорчија денот во еден ресторан, а потоа таа брутално им одржа лекција

Реклама

Ешли Кајден неодамна претрпе остри критики затоа што своето бебенце сакаше да го дои додека беше во еден ресторан.

Таа беше опомената бидејќи го направила тоа без да ја покрие дојката и главата на бебето, а последица на сето тоа е нејзиниот коментар на интернет кој што го заокружи светот и најде на разбирање кај многу мајки.

Маркетинг

„На фотографијата изгледа како да гледам некаде во далечина, а јас всушност ги барам погледите на жените и се обидувам да ги воочам нивните реакции. Сите ме гледаа со некоја доза на гадење и ја вртеа главата, обидувајќи се да ма засрамат“ вели Ешли. Таа додаде дека со објавување на оваа фотографија на Фејсбук објавува и дека мајките и понатаму сметаат дека своите деца треба да ги дојат на јавни места, иако поради тоа можат да бидат навредувани, и тоа најчесто од страна на лажните моралисти, кои не се чувствуваат удобно кога ќе видат голи женски гради.

„Па, градите служат да ги нахранат бебињата“, вели оваа изреволтирана жена и продолжува: „Нивната цел е бебето да го добие сето она што му е потребно за да порасне здраво. Не постои ништо лошо во доењето на бебето, а вие ако сакате, на своите бебиња давајте им кашички.“

Маркетинг

„Доколку некој има проблем, предлагам едноставно решение, а тоа е да ја свртите главата на другата страна… Ова е начин  на кој јадат бебињата…  И затоа секогаш кога вашето дете ќе ве праша мамо зошто оваа бебе цица, вие како родител и човек кој разбира, почитува и ја цени автономијата на жената и на мајката треба да одговорите ‘Па така малите бебиња јадат.’“ напиша на Интернет оваа жена

Инаку, нејзиниот Фејсбук пост беше споделен преку 120.000 пати и собра преку 40000 лајкови. Иако повеќето коментари се позитивни, некои читатели мораа да ја искритикуваат фотографијата и нејзината одлука да дои во јавност.

Па, споделете и вие доколку ги поддржувате мајките!

Извор: likemag.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button