Мајка откри скриени знаци што укажуваат дали бебето има аутизам – нејзината ќерка од мала ги покажувала
„Не забележавме на време“, вели оваа мајка
Мајка наводно открила скриени знаци што укажувале на тоа дека нејзиното бебе има аутизам.
Една мајка од Алабама , Бренда Хоган, открива за британскиот „Дејли меил“ дека нејзината ќерка давала скриени знаци што упатувале на тоа дека има аутизам и тоа кога имала само осум месеци.
Како што објаснува оваа мајка, на нејзината ќерка и дијагностицирале невербален аутизам од трет степен непосредно пред третиот роденден, а мајката вели дека покажувала знаци уште од осмиот месец.
Таа дури сподели и едно старо видео на ТикТок, каде е снимена нејзината ќерка додека си игра на подот.
Принтскрин/ ТикТок
Бебето цело време насмеано се врти наоколу додека нејзината мајка ја повикува и сака да и привлече внимание, но бебето не само што не реагира на своето име, туку за целото време додека мајка и ја снимаше го избегнуваше и контактот со очите.
Принтскрин/ ТикТок
„Мајката е уверена дека ова биле рани знаци кои укажувале дека нејзината ќерка има аутизам“, пишува „Дејли меил“.
Принтскрин/ ТикТок
„Многу фактори можат да влијаат на реакциите кај децата на најмала возраст, вклучувајќи и потешкотии со слухот, проблеми со вниманието или доцнење во развојот“, вели докторката Мери Барбера.
Децата најчесто почнуваат да го препознаваат своето име од шест до 12 месеци, па Барбара препорачува да не направи проценка доколку детето не почнало да одговара на своето име во текот на првата година.
Принтскрин/ ТикТок
Исто така до својот прв роденден бебињата би требало да брборат, гестикулираат и одговараат на своите имиња.
Аутизмот преставува невробиолошки развојно нарушување кое најчесто се манифестира во првите 30 месеци од животот, односно во првите три години од животот. Ова нарушување се јавува во периодот кога детето станува свесно за неговата околина и за себе па така може да се манифестира и со губење на веќе стекнати говорни или општествени вештини, избегнување на контакт со очите, упорна самотија, тешкотија во разбирање на туѓите емоции, одложен развој во зборувањето, упорно повторување на зборовите, неразбирлив говор, ограничена заинтересираност и прекумерна стимулација.
@brandihogan2017 Some early signs of autism we had weren’t just not responding to her name, but she didn’t respond at all. We actually had her hearing checked 3 different times and one of those tests she was put to sleep for. She had perfect hearing but didn’t respond to us at all. She made zero eye contact at this age. We just kept thinking she will get it and eventually she did respond at times. She is 3 now and we work on this constantly. She has gotten much better about eye contact and responding to her name but that came with lots and lots of therapy. #autism #autismawareness #earlyautismsigns #autismbabies #babyautism #toddlerautism #nonverbal #eyecontact #signsofautism #babytok #toddlersoftiktok
Први знаци на аутизам кај дете
Не обезбедува контакт со очите (на пример, хранење, но исто така и избегнување на контакт со очите со родителите и другите луѓе во нивната средина). Може да покаже приврзаност кон само едно лице, како мајка, татко, сестра, брат или друго лице со кое се чувствува безбедно (постои можност, но тоа не е правило). Тешко се навикнува на мокрење. Не враќа насмевка (дури и кога родителите се во прашање)
не реагира на свое име или на гласот на блиска личност
Не го гледа предметот што го покажувате, не користи гестови за комуникација, не покажува знаци на галење или возвраќа на галење, не имитира движења и изрази на лицата на родителите, не покажува интерес или среќа кога комуницирате со другите.
Неразбирлив говор (може да се јави говор со сопствен јазик и евентуално неразумно повторување без поента или непримерна ситуација). Еднаков однос кон луѓето, животните и нештата – детето кое боледува од аутизам подеднакво перципира сè напред и подеднакво се однесува кон сè. (или сè му е важно, или ништо не е важно за него).
Симптомите кои се споменати, не мора да се појават кај сите деца со аутизам. Манифестацијата на симптомите зависи од аутистичкото нарушување од кое страда детето. Во изминатата деценија се забележува голем пораст во дијагностиката на аутистичниот спектар на однесување, делумно поради промените во дијагностичките параметри.