Мајка откри дека нејзините три деца имаат аутизам, но вистински шок следуваше кога и таа се тестираше
Кристин зборува отворено за дијагнозата што неодамна и ја откриле докторите, а за која што не се надевала...
Кристин Мекгинс (36) е позната манекенка, инфлуенсерка и водителка која заради ситуацијата во која што се нашла во животот, решила да работи на подигање на свеста кај луѓето за аутизмот и за проблемите со кои овие лица се соочуваат.
Таа е мајка на три деца – десетгодишни близнаци Лео и Пенелопа и ќерката Фелисти која има седум години.
Нејзините деца имаат аутизам, па сега мисијата на оваа мајка е нивниот глас да се слушне и тие никогаш да не бидат невидливи.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
„Јас сум родена за тоа. А и тие се родени да бидат мои деца. Јас сум многу, многу среќна што имам три аутистични деца бидејќи тие можат да си помагаат меѓусебно. Тие секогаш ќе имаат некој што ќе може да биде со нив. Лео е многу среќен, многу забавен и многу интелигентен. Пенелопе е најслатка, мирољубиво девојче и мошне креативна. А Фелиста е дива, со многу силен дух, знае што сака и многу е одлучна“, вели оваа мајка за своите деца.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
Но приказната на оваа мајка добива потполно нова димензија кога и таа самата во 31 година од животот дознала дека има аутизам.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
Како што самата вели во документарецот на Би-би-си, таа отсекогаш забележувала некои мали знаци дека нешто не е во ред.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
Имала проблеми со храна, потешкотии со пријателите, отсекогаш и било тешко да биде комуникативна и фокусирана.
Начинот на кој ‘плутам’ низ животот ме потсетува на однесувањето на мојата ќерка. Наликувам на моите деца и повеќе од тоа што мислам“, напиша таа во својата книга „Преубава ноќна мора“.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
Како што објаснува Кристин, дијагнозата ја добила во август, кога била повикана во Кембриџ да се сретне со најголемото стручно лице за оваа проблематика, сер Сајмон Барон-Коен, па откако го решила тестот наречен AQ, кој се однесува на симптомите на аутизмот, резултатот ја изненадил.
Според сер Барон-Коен оваа мајка не само што е аутистична, туку е и високо на спектарот што го дава овој тест.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
„Плачев како дожд откако излегов од ординацијата. Заради олеснување, но и заради тагата за мојата младост. Заради омразата кон училиштето што го напуштив, заради неразбирањето на учителите и другарите. Кога му кажав на сопругот дека сум аутистична, тој ми кажа само едно. Дека се сомневал со години, но дека никогаш не му паднало ни на памет да ми каже. Но забележувал знаци дека сум поинаква“, вели Кетрин.
Инстаграм/ Кристин Мекгинс
Јас сум најдобрата верзија на самата себеси кога сум со моите деца. И тоа е веројатно заради нашиот аутизам“.
„Ние четворицата понекогаш кога ќе останеме дома, се случува воопшто и да не зборуваме“, напиша Кристин на Инстаграм пред неколку години.
Од овие причини манекенката, водителка и амбасадорка на аутизмот ја напиша и првата своја книга за деца, „Amazing Me, Amazing You “. Станува збор за живописна сликовница со пораки на љубезност, пријателство и различности, за која вели дека е за сите, но посебно за аутистичните деца да не се чувствуваат запоставено, но и за сите други деца кои треба да имаат повеќе разбирање за сите свои врсници.