Реклама
Интервју

Мајка ми секогаш ме учела многу да се трудам и да работам, но највеќе да верувам во себе – искрено со Барбара Ракичевиќ

Во последно време многу повеќе ме исполнува некоја вечера во убав амбиент со посмирена атмосфера и тивка музика, вели пејачката

Реклама

Младата и талентирана пејачка Брабара Ракичевиќ полека ја освојува сцената. За јавноста позната како ќерката на некогашната водителка Мелита Ракичевиќ, оваа убава русокоса почна да станува омилена кај публиката. Барбара веќе има свои настапи и една песна зад себе.

На иснтагарм има бројни следбеници и преубави фотографии.

Маркетинг

Таа извесен период беше водителка на „Бекстејџ“, па ја прашавме и околку тоа искуство и колку мајка ѝ и помага околку кариерата. Дознајте што ја прави среќна Барбара и како успева секогаш да изгледа толку модерно, увбаво и стилски кој е тимот што се грижи за неа?

Во продолжение погледнете го нашииот разговор со цел да ве запознаеме малку повеќе со убавата Барбара.

Маркетинг

Сакам да ми дадете една оценка од 1 до 5 за тоа каков е ноќниот живот во Скопје и воопшто во Македонија?

Можеби моменталната ситуација е малку посмирена , но со тоа што излегуваат многу нови артисти и музика мислам дека одиме на подобро. Сегашната оценка нека биде 3 :)

Што му недостасува за да биде 5?

Иако доста работи  што се променети можам да кажам дека и Скопје, а и цела Македонија сепак имаат голем простор за многу разновиден и исполнет ноќен живот.

Каде сакате вие да излезете кога не сте на свирка?

Во последно време многу повеќе ме исполнува некоја вечера во убав амбиент со посмирена атмосфера и тивка музика. Можеби бидејќи работата ми е спротивно од тоа.

Минатата година матуриравте, дали се запишавте на факултет? Кои се вашите идни планови за вашата кариера?

Да, студирам на факултетот за Туризам и менаџмент Скопје на маркетинг смер. Сега за сега, апсолутно не ми е проблем да ја координирам кариерата со факултетот и успевам да стигнам се .

Каде се гледате себеси за 10 години?

Во следнава година планирам веќе своја музика тоа е нешто што долго го сакам и планирам, но го чекав вистинскиот момент за себе, а за 10 години се надевам дека веќе ќе имам и своја публика и по некој хит.

Би се вратиле ли повторно на водителството?

Водителството беше многу интересен период за мене, но сепак не ме исполнуваше како музиката. Во случај еден ден да решам да се вратам ќе биде сигурно нешто поврзано со музика, некое музичко шоу на пример.

Ајде да зборуваме малку за мода. Кој се грижи за вашиот изглед при јавни појавувања?

Најчесто за моите стајлинзи за настапи се грижам сама, бидејќи се уште најкомфорно се осеќам така, но секогаш сум отворена за соработки. Досега за мојот изглед единсвено сум и се доверила на Ива Спасовска која никогаш не ме разочарала и сме имале доста добра комуникација и соработка.

Дали во Македонија доволно се обрнува внимание на модата, конкретно јавните личности?

По она што го гледам на социјалните мрежи моите колеги и колешки се повеќе и повеќе обрнуваат внимание на својот изглед и се обидуваат да ги следат и светските трендови.

 

Мислам дека и новите генерации носат еден нов свеж бран.

 

Кои познати личности од Македонија би ги издвоиле како луѓе со одличен стил?

За да не бидам пристрасна ќе се обидам да не бидат тоа луѓе од мојот близок круг, но по социјалните мрежи можам да кажам дека најголем впечаток ми оставиле Миа Костова и Александра Шијаковска. Можеби нив и најмногу ги пратам.

Како би го опишала својот личен стил?

 

Во суштина сум многу едноставна, но сакам бои. Во секојдневниот живот можете да ме сретнете најчесто прилично кежуал, додека за настапите сепак гледам да биде нешто поинакво и интересно.

 

Доколку ѕирнеме во моментов во твојата чанта што ќе најдеме?

Ох, мојата чанта секогаш има 1000 работи, но најчесто новчаник, лабело или сјајче, крема за раце и мојот парфем. Без овие работи не би функционирала.

 

Што ве прави среќна?

Среќна ме прават мали работи, мали вниманија и детали кои што некој ги запамтил за мене. Среќна ме прават убави сончеви денови поминати со најблиските и она чувство на љубов околку мене. Едноставно во тие моменти се заборава на се.

Колку вашата мајка ви „се меша“ во кариерата?

Мојата мајка никогаш не ми се „мешала“ тоа секогаш биле нејзини добронамерни совети и нејзин став за некои работи. Иако сме доста различни стилски, но и карактерно сепак таа ги гледа работитњ со искуство и од друг агол но никогаш негативно.Сепак знае дека веќе не сум мала, па се повеќе ми верува дека и сама знам што сакам, а таа е тука да ми помогне и да ме поддржи.

Споделете го најдобриот совет што ви го дала вашата мајка?

Мајка ми секогаш ме учела многу да се трудам и да работам но највеќе да верувам во себе и моите способности и талент. А понекогаш да и верувам и на мојата интуиција хахаха

Кога нова песна?

Работам на нови проекти и се надевам дека што поскоро ќе можам да дадам конкретно инфо, но ветувам наскоро … пред лето да речеме ;)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button