Мајка херој – ја пријави ќерката во полиција заради ШОКАНТНАТА снимка, сега сите зборуваат за неа
Кога го видела видеото, веднаш пријавила во полиција

Како што пренесува порталот „Новости.рс“, во белградската полиција вчера дошла мајка на едно 14-годишно девојче.
Имено, нејзината ќерка е една од главните актери во тепачката што се случи во еден парк во Белград, а како што објави Телеграф, мајката на снимката ја препознала својата ќерка и ја пријавила.
Мајката наводно раскажала сé што знае во врска со страшната тепачка што вчера го згрози целиот регион, а која се случи во Белград.
Принтскрин/ Инстаграм
Како што објави „Телеграф.рс“, препознато е и другото девојче од снимката. И едната и другата имаат 14 години и се „другарки“ од одделение, кои решиле нерешените сметки да ги расчистат на на еден ваков недоличен и брутален начин.
На снимката што беше објавена на Инстаграм профилот „Мој Белград“ се гледа како две девојчиња се кубат за коса, се шутираат и удираат, додека нивните врсници, но и оние што во тој момент се нашле на лице место, само ги гледаат и не преземаат ништо.
Принтскрин/ Инстаграм
И тепачката трае се додека еден господи не излезе од својот автомобил и не ги раздели видно агресивните девојчиња.
Принтскрин/ Инстаграм
„Мајки, татковци, каде сте? Знаете ли што ви прават децата кога ќе излезат од дома?“, „Нека видат мајките и татковците какви ќерки воспитувале. Брука и порака како ова да е нормално… Пинк да се укине засекогаш, Елита, Задруга.. Болест на мозоците. Ни ја уништивте младината! Им се заблагодарувам на овие луѓе што дојдоа и спречија сериозни повреди“, беа само некои од коментарите што стојат под оваа објава на социјалните мрежи.