Мајка ѝ остави на новородената ќеркичка сама да си го избере името – одлуката „падна“
Видеото предизвика лавина коментари, некои ја поддржуваат мајката, други ја обвинуваат.

За некои родители, изборот на име за детето е една од најтешките одлуки, често поважна отколку што изгледа на прв поглед.
Иако некои мислат дека „име си е само име“, вистината е дека тоа е нешто што личноста го носи цел живот, а со него и идентитетот, емоциите, „карактеристиките“ на името. Затоа изборот бара зрелост и одговорност.
Но една мајка, очигледно неспремна да поднее ваква одговорност, одлучила да ја „префрли топката“ на самото бебе! Да, добро прочитавте, таа ѝ дозволила на новородената ќерка да си го одбере сопственото име.
На видеото што стана вирално на социјалните мрежи, мајката држи мобилен телефон и активира виртуелно „тркало на среќата“ на кое се испишани две потенцијални имиња. Но, не го вртела таа тркалото, туку го ставила прстете на бебето врз екранот за самото да го активира изборот. По неколку секунди, тркалото застанало и на испишаното име „Мин“.
Иако на прв поглед видеото може да делува слатко, дел од јавноста остро реагираше на ваквата одлука на мајката.
View this post on Instagram
„Не е секој за родител“, напиша еден корисник на Инстаграм. Други коментираат дека ваквиот тренд само што не се појавил и кај нас, на Балканот, а некои пак сметаат дека ова бил симпатичен начин да се реши дилемата меѓу две имиња, кога родителите не можат да се договорат.
И покрај поделени мислења, еден факт останува јасен: видеото отвори нова дебата за тоа колку далеку одиме со трендовите и дали сите „слатки“ идеи навистина се невини.