МАЈЧИНОТО МЛЕКО: Единствена намирница која ќе му го продолжи животот на вашето дете и ќе го заштити од болести

По раѓањето, мајчиното млеко ја продолжува улогата да биде заштитник и хранител на бебето.

Тоа ги содржи сите антитела кои помагаат да се спречат болести и разни инфекции.Антителата се неопходни во првите шест месеци, кога имунолошкиот систем на новороденчето тукушто се развива, но и подоцна, до првата година од животот, според УНИЦЕФ.

ADVERTISEMENT

Мајчиното млеко го чува и штити организмот на бебето од различни инфекции и алергии. Се проценува дека со доење може да се спаси животот на новороденчиња во сиромашните земји, а би можело да се избегне и смртта на 800.000 деца од целиот свет. Доењето го продолжува животниот век на детето и го намалува ризикот од дијабетес и дебелина покасно во животот.

Една студија објавена во британскиот медицински журнал „Лансет“ ги нагласува предностите на доењето, не само за бебињата, туку исто така и за мајките. Истражувачите сметаат дека доењето може да спаси околу 20.000 жени на рак на дојка и на јајниците.

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 24 times, 1 visits today)
Loading...