Реклама
MAMAКафе муабет

Мајчините допири, прегратки и бакнежи го зајакнуваат имунитетот на бебето

Реклама

Мајчините допири и бакнежи им помагаат на бебињата полесно да дишат. Бебињата се смирени и побрзо качуваат тежина, а така се зајакнува и нивниот имунитет.

ФОТО: dailymom.com

Истражувањата покажале дека со бакнувањето на своите бебиња, мајките им пренесуваат одредени бактерии кои им го зајакнуваат имунитетот и го штитат бебето од настинка и болеси на увото.

Исто така мајчиниот допир го забрзува заздравувањето кај новороденчињата. Овие факти се откриени во болница за предвремено родени бебиња. Истражувањето опфатило 61 бебе, а истражувачите го мериле пулсот, дишењето, нивото на кислорот и изразите на лицето на бебето.

Маркетинг

Резултатите покажале дека децата кои биле изложени на мајчините прегратки и бакнежи, оправиле многу побрзо отколку децата кои биле одвоени од своите мајки.

Исто така, докажано е дека мозокот на бебето манифестира среќа и задоволство кога ќе го бакне неговата мајка. Историскиот момент е направен со помош на јадрено магнетна резонанца. Истата покажува како мозокот на 2-месечно бебе и на неговата мајка буквално се вцрвенуваат, кога мајката ќе го бакне своето дете.

Маркетинг

Уште еден доказ дека љубовта може да направи чуда во овој свет!

Поврзано

Back to top button