Маја Оџаклиевска ја отвори душата – работела кај вулканизер, чувала деца и исправувала конзерви, но никогаш не се предала!

Познатата пејачка Маја Оџаклиевска, во искренo интервју за „Телеграф.рс“, е пример за жена која не се плаши од предизвици. Таа сама ги одгледала своите две ќерки, Теа и Андреа, а низ годините минала низ бројни животни премрежја.
Денес отворено зборува за времињата кога, покрај музиката, морала да работи и физички да вложи труд за да обезбеди пристоен живот за своето семејство.
-Не се омажив за таткото на Теа, Александар, затоа што тоа не ме интересираше. Немав желба да водам класичен семеен живот, со ручек и готвење секој ден. Подоцна, се омажив за таткото на Андреа, Енес, на негово инсистирање, но и тој брак не траеше долго. Сепак, со двајцата останав во добри односи, со Александар се дружев до неговата смрт минатата година, а со Енес се гледаме кога доаѓа во Белград со сопругата и двете ќерки, открива Маја.
Со искрена насмевка таа раскажа и за периодот кога се нашла во невообичаена улога, вработена во вулканизерска работилница.
-Во 1992 година почна да се намалува работата на музичката сцена, па морав да најдам нешто ново. Еден мој пријател имаше вулканизерска продавница каде што се продаваа половни гуми. Го замолив да ме препорача некаде, а тој ми рече: зошто да не работиш кај мене? Ми треба некој да надгледува. Така и беше, ме вработи, а наскоро открив дека некои работници го поткраднуваат. Беше пресреќен што му помогнав, се сеќава пејачката.
Иако платата тогаш изнесувала околу 500 германски марки, наспроти 1.000 марки што ги добивала за една отпеана песна, Маја вели дека никогаш не чувствувала срам или незадоволство.
-Тоа беше чесна работа. Секој динар заработен со пот е вреден како куќа. Во Шведска, додека бев со мајка ми, чував туѓи деца и дури работев во фабрика каде што се исправуваа конзерви. Мајка ми ми велеше: Сине, Бог нема ништо против чесната работа. И во право беше, додава таа.




