Маја Гроздановска-Панчева ни покажа како се поти во теретана – не е ни чудо што сите ја обожаваат
Еве како ова прекрасна дама се одржува во форма

Ги воодушеви сите со фотките од теретана
Нашата позата пејачка Маја Грозданоска-Панчева покажа како го одржува своето тело во форма.
Сопругата на легендарниот Дарко Панчев отсекогаш изгледала одлично, а сега на социјалните режи покажа дел од своите вежби што ги прави во теретана, благодарение на кои и во шестата деценија има тело на кое можат да и завидуваат и двојно помлади дами од неа.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Имено, Маја изглед токму онака како што секоја жена сака да изгледа, а сега ја видовме и во спортско издание.
Во здраво тело, здрав дух!
Таа отсекогаш промовирала здрав начин на живот, а во една пригода откри и на што се должи нејзиниот младешки изглед.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Еве што вели таа:
„Најверојатно сето тоа се должи на мојот карактер, и секако позитивен дух, кој верувам ќе ме држи уште долго време. Помага и физичката активност, но највеќе позитивното размислување во однос на луѓето и животот, те прави да се чувствуваш убаво“, изјави Маја во една пригода за Гламур магазин.
Целото интервју прочитајте го тука, а во продолжение погледнете уште неколку фотки од тренинзите на Maja.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Потсетуваме, во последно време поприлично активна на социјалните мрежи е и ќерката на Маја, Марија која е модел.
И таа плени со својот шарм и беспрекорна убавина, посебно во нејзините летни изданија со кои никого не оставаше рамнодушен.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Како изгледа и оваа прекрасна дама, но нејзината сестра Надица која исто така освојува на прв поглед, откријте тука.