Маја Гроздановска-Панчева ја покажа огромната елка и новогодишната атмосфера во нејзиниот дом
Еве како изгледа елката во домот на Маја и Дарко Панчев

Оваа наша позната дама навистина има вкус
Маја Гроздановска-Панчева на својот профил на социјалните мрежи откри како оваа година ја накитила елката.
Таа на својот Инстаграм сподели фотографија со која ја покажа големата елка што ќе го краси нејзиниот дом.

Инстаграм/ Маја Панчева
Од фотографијата што ја сподели може да видиме дека елката е мноогу голема и украсена со сијалички и златни и сребрени лампиони, а тука се и малите Дедомразовци како и големата златна ѕвезда на врвот.
Под елката има доста простор за подароци, па не се сомневаме дека Маја и нејзиниот сопруг Дарко и оваа година со нешто ќе ги изненадат нивните наследнички, иако тие пораснаа во прекрасни млади дами.

Инстаграм/ Маја Панчева
Потсетуваме, Маја овие денови беше на прошетка во Амстердам токму со своите две ќерки, Надица и Марија.
Тие таму си поминаа одлично, за што сведочат и нивните објави, а еден детаљ посебно привлече внимание.

Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Станува збор за тренди капутот од крзно со кој Марија позираше на ова место, а потоа со истиот модел позираше и Маја.
Како сето тоа изгледаше, потсетете се тука >>



