НовостиХороскоп

Мај им носи кеш – еве кои три знаци ќе ја наполнат сметката, а кои ќе прогласат банкрот

Ѕвездите порачуваат: време е да го пресметате буџетот, но и да не ја испуштите шансата за дополнителна заработка.

Advertisement

Мај 2025 е месец кога финансиските прашања се под лупа повеќе од вообичаено.

Ретроградниот Плутон од 4 мај носи соочување со грешки од минатото во ракувањето со парите, додека Сатурн во Овен од 25 мај поттикнува дисциплина и долгорочна финансиска стратегија. Полната Месечина во Шкорпија на 12 мај открива скриени трошоци, но и можности за оние кои знаат каде да гледаат.

Advertisement

Ѕвездите порачуваат: време е да го пресметате буџетот, но и да не ја испуштите шансата за дополнителна заработка.

Овен – Дисциплина и нови обврски

До крајот на месецот парите доаѓаат бавно, но сигурно. Инвестициите започнати претходно може да донесат први резултати. Влезот на Сатурн во вашиот знак означува почеток на нова финансиска дисциплина – бидете внимателни со трошоците, бидејќи ве очекуваат поголеми одговорности.

Бик – Паметни договори и практична заработка

Меркур во вашиот знак од 10 мај носи јасност во преговорите и деловните зделки. Можно е да добиете исплати од минати проекти, а се отвора и шанса за заработка преку практични активности – трговија, храна, ракотворби.

Advertisement

Близнаци – Време за пресметка и нови извори

Мај е идеален за да се ослободите од финансиски навики што не ве носат никаде. Кон крајот на месецот можно е парично вливање преку соработка или пријателска поддршка. Ако работите онлајн, во комуникации или образовни содржини – имате реална можност за дополнителен приход.

Рак – Стабилност преку претпазливост

Иако периодов не е погоден за ризични вложувања, стабилните извори на приход остануваат недопрени. Бидете внимателни со домашниот буџет – можно е ненадејно трошчење поврзано со домот или семејството. Совет: заштитете го она што го имате.

Лав – Големи промени и странски можности

Плутон ве тера да ги согледате финансиските дупки и да ги затворите. Анализирајте каде ви одат парите и преструктуирајте го пристапот. Кон крајот на месецот можно е партнерство или соработка со странство, или вложување во едукација што ќе се исплати на подолг рок.

Девица – План + работа = добивка

Вашиот организиран ум доаѓа до израз. Мај ви дава можност да заработите преку детална и прецизна работа – анализи, администрација, хонорарни ангажмани. Внимавајте на позајмици – повеќе ќе дадете отколку што ќе добиете.

Вага – Исплати и нови ангажмани

Овој месец носи неочекувани трошоци, но и прилика да се затворат стари долгови. Блиска личност може да помогне во стабилизирање на буџетот. Креативните ангажмани можат да донесат дополнителна заработка.

Шкорпија – Скриени добивки и пресврт

Полната Месечина во вашиот знак открива финансиски тајни – можен е скриен приход, заостаната исплата или дури и наследство. Приливот може да дојде преку лична или деловна трансформација – ризикувајте паметно.

Стрелец – Контрола и нови ангажмани

До 20 мај внимавајте на трошоците – може лесно да излезат од контрола. Сепак, крајот на месецот носи можност за нов хонорарен ангажман или работа со флексибилно време. Засега избегнувајте вложувања – задржете се на проверени извори.

Јарец – Враќање на контролата и стабилни добивки

Конечно добивате чувство дека држите сè под контрола. По 10 мај, сè што планирате може да почне да носи мали, но стабилни резултати. Ако планирате да купувате или реновирате недвижности – направете детален буџет и држете се до него.

Водолија – Иницијатива носи приход

Финансиската состојба зависи исклучиво од вашата иницијатива. Ако започнете нешто ново кон крајот на месецот, особено во дигиталниот простор или со иновативен пристап, ќе можете да изградите нов извор на приход кој ќе се развива со време.

Риби – Интуиција + реалност = успех

Вашата интуиција е силна, но не ја мешајте со неразумно трошење. Мај ве повикува да се фокусирате на активности кои носат стабилност – пишување, работа со деца, исцелување. Одеднаш може да се појави хонорарна можност која вреди да се прифати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button